Сектор за Млади
Завршување на проектот: 30.06.2026
Младинска мрежа за финансиска писменост на ЈугоИстокот -EduFinHub

Времетраење : 24 месеци (01.07.2024 – 30.06.2026)
Донатор: Цивика мобилитас (Civic Mobilities).
Цел: Да се подобри нивото на финансиската писменост кај младите лица, со особен фокус на ефективното управување со јавните и локалните финансии и препознавањето на појавата на корупција;
Специфични Цели на проектот:
- Да се утврди тековната состојба на нивото на финансиска писменост кај младите лица во југоисточниот регион и да се воспостави ефикасна методологија за нивно обучување
- Да се подобри знаењето и да се унапредат вештините кај младите во однос на финансискиот контекст и финансиското опкружување во Република Северна Македонија, со фокус на справувањето со корупцијата при управувањето со јавните финансии;
- Да се воспостави неформална мрежа (регионален Хаб) на млади и други релевантни чинители од финансиската област – „Младинска мрежа за финансиска писменост на Југоистокот“ “EduFin Hub;
Целна група и корисници на проектот?
Примарната целна група на проектот се младите лица во Југоисточниот регион на Република Северна Македонија, поделени во две подгрупи: Млади лица од 18 до 21 година и млади лица од 21 до 29 години, независно од нивниот социоекономски статус, вклучувајќи ученици, студенти, фриленсери, вработени и друго.
Директни Корисници од проектот:
- Млади лица од Југоисточниот регион (возраст 18–29 години) – ученици, студенти, вработени, фриленсери и други:
- ќе учествуваат во истражување, обуки, настани и кампањи;
- ќе стекнат знаења и вештини за финансиска писменост, транспарентност и антикорупција;
- ќе бидат активно вклучени во сите фази од проектот.
Млади од трите микрорегиони:
- Микрорегион Струмица (Струмица, Босилово, Ново Село, Василево)
- Микрорегион Гевгелија (Гевгелија, Богданци, Валандово, Дојран)
- Микрорегион Радовиш (Радовиш, Конче)
Индиректни корисници од проектот:
- Локалните заедници и институции (општини, образовни институции, јавни установи) – преку подобрено учество на млади граѓани во процеси на одлучување и зголемено разбирање на јавните финансии.
- Семејства на младите лица – поради зголемената финансиска писменост и одговорност на нивните деца/млади членови.
- Целото население на Југоисточниот регион – со долгорочни позитивни ефекти од зголемена транспарентност, одговорност и активизам против корупција.
- Креатори на политики и носители на одлуки – преку увид во младинскиот став за финансии и корупција и нивната засилена вклученост.