Сектор за Развој на Заедницата
Завршување на проектот: 30.04.2024
Платформа за инвестиции во заедницата – ПИЗ Community Investment Platform – CIP

Времетраење : 40 месеци ( 01.01.2021- 30.04.2024 )
Донатор: Европска Комисија во рамки на програмата ИПА (European Commission, IPA II )
Цел: Главна цел на овој проект е унапредување на капацитетот на локалните граѓански организации за градење меѓусекторски иницијативи кои имаат за цел социо-економски развој на заедницата во земјата.
Специфични Цели на проектот:
- Јакнење на довербата и соработката помеѓу граѓанскиот, бизнис и јавниот сектор.
- Изградба и функционирање на национална платформа за инвестиции во заедницата.
- Вмрежување и обука на граѓански организации за развој, финансирање и имплементација на проекти со општествено значење.
- Поттикнување на општествена одговорност кај компании преку поддршка на иницијативи од граѓанскиот сектор.
- Промоција на успешни примери на меѓусекторска соработка за поттикнување позитивни општествени промени.
Целна група и корисници на проектот?
Локални граѓански организации од различни региони во Македонија, особено од Југоисточниот и Струмичкиот регион.
Директни Корисници од проектот:
- Граѓански организации кои учествувале во обуки, мрежни активности и добиле грантови.
- Претставници на деловниот и јавниот сектор кои биле вклучени во платформата и промотивни настани.
- Здруженија како ВК Актив и Мобилност Струмица кои директно добиле поддршка.
Индиректни корисници од проектот:
- Заедниците каде што се имплементирани поддржаните проекти.
- Лица со попреченост кои ќе ја користат опремата набавена преку fund-raising иницијативи.
- Потенцијални инвеститори и донатори кои преку платформата добиваат пристап до граѓански иницијативи со општествено влијание.

