Сектор за Развој на Заедницата

Завршување на проектот: 31.01.2025

Создаваме инфраструктура за здружени и дарежливи заедници  

Времетраење : 12 месеци (01.01.2024 – 31.01.2025)

Донатор:  Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (USAID)

Цел: Да се зајакне локалниот развој преку активирање на заедницата, градење партнерства и промовирање на филантропската култура, со цел да се решаваат локалните предизвици и да се подобри квалитетот на животот.

Специфични Цели на проектот:

  • Зајакнување на локалната соработка – Воспоставување и зголемување на партнерства меѓу локалните актери (општини, граѓански организации, бизниси) за подобро искористување на ресурсите.
  • Активирање на граѓаните – Повикување на поголемо граѓанско учество во локалниот развој и филантропските активности.
  • Градење капацитети – Обучување и поддршка на локалните заедници и организации за самостојно решавање на проблеми и мобилизирање на ресурси.
  • Промовирање на филантропијата – Создавање култура на донирање и корпоративна социјална одговорност преку кампањи и награди.
  • Поддршка на иновативни иницијативи – Финансирање на проекти кои нудат конкретни решенија за локалните предизвици.

Целна група и корисници на проектот?

  • Локални власти (општински администрации)
  • Граѓански организации (ГО) и социјални претпријатија
  • Локални бизниси и корпорации
  • Граѓани и волонтери
  • Дијаспората (како потенцијални донатори и поддржувачи)

Директни Корисници од проектот:

  • Граѓански организации (ГО) – Локални НВО и заедници кои активно учествуваат во имплементација на проектни активности и иницијативи, како и во мобилизирање на ресурси.
  • Локални власти (општини) – Претставници на општинските власти кои се вклучени во креирањето на стратегиите за развој на заедницата и во воспоставување на партнерства со други чинители.
  • Претставници на бизнис-секторот – Локални компании и претпријатија кои се вклучуваат во филантропските активности, донаторски иницијативи и корпоративни ангажмани.
  • Граѓани и волонтери – Лица кои активно учествуваат во организирање и спроведување на локални кампањи, волонтирање или финансирање на проекти за подобрување на заедницата.
  • Локални донатори – Физички и правни лица кои учествуваат со донации во вид на финансиски средства или in-kind донации.
  • Корисници на програмите – Иницијативи и проекти кои се финансирани преку проектот, кои директно ќе ги користат капацитетите за развој и ресурсите за поддршка на локалните проблеми.

Индиректни корисници од проектот:

  • Широка заедница – Граѓаните кои не се директно вклучени во активностите на проектот, но ќе имаат корист од подобрените локални инфраструктури и подобрени општествени услови.
  • Рурални заедници – Заедници кои можеби не се директно вклучени, но ќе имаат придобивки од општиот развој на инфраструктурата, општествената одговорност и одржливото финансирање.
  • Мали и средни претпријатија – Индиректно ќе добијат корист од развојот на локалните капацитети и од партнерства со други локални бизниси, што ќе води кон поголеми можности за деловни активности.
  • Граѓански активисти – Лица кои се поврзани со локалните иницијативи, но не учествуваат директно во проектот, но ќе бидат мотивирани да се вклучат поради видливоста и ефектите од овие активности.
  • Глобални партнери и донатори – Меѓународни и регионални организации кои ќе го следат развојот на проектот и кои можеби ќе се вклучат со поддршка во иднина поради успехот на локалните активности.
en_US