Сектор за Развој на Заедницата
Завршување на проектот: 30.09.2025
Циклус на Грижа: Поддршка за Женското Здравје

Времетраење : 12 месеци (01.10.2024 – 30.09.2025)
Донатор: ДМ дрогерие маркт
Цел:
Да се подобри менструалното здравје на жените и девојките во нашата заедница преку обезбедување на хигиенски материјали и образование, со акцент на намалување на менструалната сиромаштија во Југоисточниот плански регион.
Специфични Цели на проектот:
Подигање на свеста за значењето на менструалното здравје.
Обезбедување на бесплатни и достапни менструални производи за жените и девојките.
Едукација за правилна менструална хигиена.
Намалување на стигмата поврзана со менструацијата.
Целна група и корисници на проектот?
Целните групи на проектот се внимателно одбрани со цел да се адресираат специфичните потреби и предизвици поврзани со менструалното и репродуктивното здравје, со посебен фокус на ранливите категории и жените во различни фази од нивниот животен циклус.

Директни Корисници од проектот:
Млади лица кои неодамна добиле или сè уште не добиле прва менструација.
Жени пред или неодамна влезени во менопауза.
Жени со помалку можности и жени од рурални подрачја
Индиректни корисници од проектот:
Семејства на директните корисници
Заедниците во кои живеат директните корисници
Образовните институции и здравствените центри
Активности на проектот:
1. Едукативни Работилници и Сесии за Менструално Здравје
Организирање на Работилници за Ученици во Средни Училишта за Менструално Здравје и Хигиена: Работилниците ќе бидат фокусирани на едукација на младите девојки за менструалниот циклус, важноста на менструалната хигиена и правилна употреба на менструалните производи
Обука на Наставници и Здравствени Работници за Значењето на Менструалното Здравје: Целта на оваа активност е да се обучат наставниците и здравствените работници во училиштата за важноста на менструалното здравје и како да пружат ефективна поддршка на учениците. Обуките ќе вклучуваат информации за физиолошките и психолошките аспекти на менструацијата, како и практични совети за справување со менструалните предизвици.
Кампањи за Подигање на Свесност за Менструално Здравје
Серија Видео Подкасти со Експерти
Создавање на Брошури за подигање на јавната свест
Активноста за подигање на свесноста ќе се спроведе преку развој и дистрибуција на серија поткастови и информативни брошури. Оваа иницијатива има за цел да ги зголеми знаењата и разбирањето за менструалното здравје, да го разбијат митот и стигмата околу менструацијата и да обезбедат практични информации и поддршка на заедницата.
2. Обезбедување на Психолошка Поддршка и Советување
Активноста за обезбедување психолошка поддршка и советување е насочена кон помош на девојките и жените кои се соочуваат со предизвици поврзани со менструацијата. Целта е да се понудат професионални услуги за психолошко советување и поддршка, кои ќе ги адресираат и физиолошките и психолошките аспекти на менструалното здравје. Индивидуалните сесии ќе бидат организирани за девојките и жените кои бараат лична помош и советување. Советувањето ќе се фокусира на специфичните проблеми и предизвици што ги доживуваат учесниците, вклучувајќи управување со менструалната болка, стрес и анксиозност поврзани со менструалниот циклус.
3. Караван во Југоисточен регион за освестување за Менструалното Здравје
Организирање на караван низ повеќе градови во Југоисточниот регион, со цел подигање на свесноста за менструалното здравје. Караванот ќе вклучува штандови со едукативни материјали, сесии и работилници, и интерактивни активности за посетителите. Активноста предвидува одредување на маршрута која ќе опфати урбани и рурални населени места. Караванот ќе вклучува и интерактивни активности како квизови, игри и демонстрации кои ќе го привлечат вниманието на посетителите и ќе ги мотивираат да учествуваат.
