УСЛУГИ
Центарот за истражување и анализи НОВУС нуди широка палета на услуги кои се дизајнирани да ги поддржат поединците, организациите и заедниците во остварување на нивните цели и идеи. Со професионален и иновативен пристап, обезбедуваме поддршка во повеќе области.

Што Нуди НОВУС?
НОВУС обезбедува професионални услуги дизајнирани да ги поддржат индивидуите, организациите и заедниците во реализирањето на нивните идеи и цели. Со иновативен пристап, НОВУС се фокусира на креирање решенија кои го поттикнуваат развојот и успехот во различни области. Нудиме експертиза во подготовка и имплементација на проекти, обезбедување визуелни и дигитални решенија, организација на настани и обезбедување соодветни работни простори за младите и професионалците. Нашите услуги се насочени кон креирање позитивен импакт, градење силни партнерства и поддршка на заедниците во нивниот напредок.

Потребна Ви е Поддршка?
Со долгогодишно искуство и професионален пристап, обезбедуваме поддршка која ги опфаќа сите фази од развојот и реализацијата на вашите идеи.Нашиот тим на експерти нуди консултантски услуги во повеќе области, притоа креирајќи флексибилни пакети кои се прилагодени на вашите цели и ресурси. Без разлика дали ви е потребна помош во осмислување и подготовка на проекти, развој на ефективни стратегии за комуникација или управување со социјалните медиуми, НОВУС е тука за да ви обезбеди врвна поддршка.
Нашите Пакети на Услуги
Комплетни решенија за вашиот успех:
Професионална поддршка за развој на проекти
Професионална поддршка за изработка на предлог-проекти за ЕУ, меѓународни и домашни грант програми.
Подобрување на финансиската одржливост
Поддршка за зајакнување на финансиската одржливост на организации и институции.
Корпоративна филантропија и општествена одговорност
Поддршка за поттикнување на корпоративната филантропија и општествената одговорност за градење подобри заедници.
Поттикнување на Социјално претприемништво
Поддршка за развој и поттикнување на социјалното претприемништво со фокус на одржливост и општествено влијание.
Фасилитирање, водење и организирање средби, обуки и настани
Фасилитирање и организирање на средби, обуки и настани со фокус на ефективност и професионалност.
Изнајмување простор, работен хаб и сала за состаноци
Изнајмување опремени простории, работен хаб и сала за состаноци во Струмица за различни активности.
Креирање Дизајни за Кампањи и Настани
Креирање креативни дизајни за кампањи и настани што ефективно ја пренесуваат вашата порака.
Управување со Социјални Медиуми и Кампањи
Целосно управување со социјални медиуми и кампањи за зголемување на видливоста и ангажманот.