Период на реализација: 1 јули 2024 – 31 август 2026 година
Специфична тема: Млади
Партнери:
-
Центар за развој и промоција ПРОМО ИДЕА – Струмица
-
Здружение за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните КРУНА ПЛУС Радовиш
Конституенти: Младите во Југоисточниот регион на Република Северна Македонија, поделени во две подгрупи: од 18 до 21 година и од 21 до 29 години, независно од нивниот социоекономски статус, вклучувајќи ученици, студенти, фриленсери, вработени и друго.
За проектот поддржан од Цивика мобилитас:
Младинска мрежа за финансиска писменост на Југоистокот
ОПИС НА АКЦИЈАТА
Бројот на млади во регионот опаѓа, а причините за иселување според повеќе истражувања се многубројни, најчесто од економска природа, но не изостанува ниту појавата на корупција (според истражување на Младински сојуз – Крушево во 2022 година, 4 од 10 млади ја навеле корупцијата како причина за иселување). Земајќи ги предвид овие податоци, вклученоста на младите во општествените процеси и преминот од ученици и издржувани лица кон клучни чинители и носители на одлуки е многу важна. Проектот ги опфаќа младите како главна целна група и предвидува нивна постојана вклученост во спроведувањето на активностите. Финансиската писменост како клучна вештина за младите лица, јавните и локалните финансии како области од кои зависат јавните политики и корупцијата како негативна појава што предизвикува пад на квалитетот на животот создаваат една целина која што е интегрирана во активностите на проектот. Токму, поврзувањето на овие појави претставува додадена вредност која што ќе создаде силни млади граѓани, со поголемо знаење и вештини за јавните финансии и негативните појави предизвикани од појавата на корупција.
Општа цел: Да се подобри нивото на финансиската писменост кај младите лица, со особен фокус на ефективното управување со јавните и локалните финансии и препознавањето на појавата на корупција;
Специфични цели:
- Да се утврди тековната состојба на нивото на финансиска писменост кај младите лица во Југоисточниот регион и да се воспостави ефикасна методологија за нивно обучување.
- Да се подобри знаењето и да се унапредат вештините кај младите во однос на финансискиот контекст и финансиското опкружување во Република Северна Македонија, со фокус на справувањето со корупцијата при управувањето со јавните финансии.
- Да се воспостави неформална мрежа (регионален Хаб) на млади и други релевантни чинители од финансиската област – „Младинска мрежа за финансиска писменост на Југоистокот“ – “EduFin Hub”
РЕЗУЛТАТИ
- Утврдена фактичка состојба за нивото на финансиската писменост кај младите, со фокус на управувањето со јавните и локалните финансии и идентификацијата на појавата на корупција;
- Подобрено финансиско знаење, вештини, ставови и однесувања кај младите преку создадени и спроведени обуки за финансиска писменост со особен фокус на ефективното управување со јавните и локалните финансии и препознавањето на корупцијата;
- Воспоставена мрежа на млади и релевантни стејкхолдери од областа на финансиите (Младинска мрежа за финансиска писменост на Југоистокот – “EduFin Hub”) со фокус на важноста од ефикасното управување со локалните и јавните финансии во однос на севкупниот општествен развој и на интеграцијата на државата во Европската Унија;
АКТИВНОСТИ
- Воспоставување методологија за истражување и оценка на тековните знаења и вештини кај младите лица во регионот со посебен фокус на јавните финансии и воочувањето на појавата на корупција;
- Спроведување на темелно истражување за испитување на финансиското знаење, ставови и однесувања кај младите со посебен фокус на справувањето со корупцијата при управувањето со јавните финансии;
- Изработка на поединечни извештаи за спроведеното истражување
- Изработка на сумарен извештај;
- Изработка на методологија за обука врз основа на резултатите од истражувањето
- Пилотирање на воспоставената методологија за обука со целните групи
- Изработка на модул за обука на тема „Финансиската писменост како клучна вештина за младите лица за подобро препознавање и справување со корупцијата во управувањето со јавните финансии“
- Изработка на модул за обука на тема „Управување со јавните и локалните финансии“
- Изработка на модул за обука на тема „Улогата и влијанието на управувањето со јавните финансии врз општествениот развој и евроинтеграцијата на Република Северна Македонија“
- Инкорпорирање на модулите за обука во еден интегрален тренинг модул и нивно интегрирање на веб страните на имплементаторите;
- Организација на пилот обуки за тестирање на создадениот тренинг модул со целните групи;
- Обука за фасилитатори – Регрутација, селекција и обука на млади лица за учество како фасилитатори во рамките на обуките
- Спроведување на обука за тренинг модул 1 – „Финансиската писменост како клучна вештина за младите лица за подобро препознавање и справување со корупцијата во управувањето со јавните финансии“
- Спроведување на обука за тренинг модул 2 – „Управување со јавните и локалните финансии“
- Спроведување на обука за тренинг модул 3 – „Улогата и влијанието на управувањето со јавните финансии врз општествениот развој и евроинтеграцијата на Република Северна Македонија“
- Спроведување кампања за подигање на јавната свест за финансиската писменост на социјални мрежи;
- Дизајн и печатење на промотивни материјали (лифлет, постери, брошура);
- Подготовка на текстови за објава на веб страни и онлајн медиуми
- Објави на локални/регионални онлајн медиуми;
- Организација на регионален настан во Струмица;
- Организација на регионален настан во Гевгелија/Дојран;
- Организација на регионален настан во Радовиш;
- Формирање мрежа од млади лица и други чинители – Младинска мрежа за финансиска писменост на Југоистокот “EduFin Hub”;
- Изработка на водич за одржување и развој на создадената Младинска мрежа за финансиска писменост на југоистокот – “EduFin Hub”;
ПОДРЖАНО ОД: