ЦЕНТАР ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ И АНАЛИЗИ НОВУС

Здружението на граѓани Центар за истражувања и анализи НОВУС од Струмица е водечка граѓанска организација со мисија да инспирира позитивни промени.

Јавен повик за избор на тројца промотери/ки за реализација на “Караван за Женско Здравје”

Центарот за истражување и анализи НОВУС објавува јавен повик за ангажирање на тројца промотери/ки кои ќе бидат дел од реализацијата на активностите во рамки на „Караванот за Женско Здравје“, што ќе се спроведува во периодот на месец Јуни-Јули 2025 на повеќе локации низ Југоисточниот регион на Република Северна Македонија. Овој караван има за цел подигнување […]

Дознај Повеќе

НОВУС низ Бројки

Со успешно реализирани проекти, години на активно делување и директни корисници, создаваме значајни промени во заедницата.

12

Години постоење

50

Активни волонтери

30

Мобилизирани граѓански организации

1000

Вклучени граѓани преку наши активности

Нашите Услуги Вклучуваат

  • Професионална поддршка за развој на проекти
  • Подобрување на финансиската одржливост
  • Корпоративна филантропија и општествена одговорност
  • Поттикнување на социјално претприемништво
  • Фасилитирање, водење и организирање средби, обуки и настани
  • Изнајмување простор, работен хаб и сала за состаноци
  • Креирање дизајни за кампањи и настани
  • Управување со социјални медиуми и кампањи

Сектори во НОВУС

НОВУС делува преку два главни сектора: Секторот за млади и Секторот за развој на заедницата. Секој сектор е насочен кон развој на иновативни иницијативи и проекти со цел подобрување на квалитетот на животот во заедницата.

Сектор за Млади

Секторот за млади при Центарот за истражување и анализи НОВУС нуди поддршка на младите преку креативни и иновативни проекти. Нашиот фокус е насочен кон создавање можности за младите да ја истражат својата креативност.

Дознај Повеќе

Сектор за Развој на Заедницата

Секторот за развој на заедницата претставува двигател на позитивни промени во локалните и регионалните заедници преку стратешки проекти кои имаат за цел да создадат инклузивна, одржлива и просперитетна средина.

Дознај Повеќе
timot_na_novus

Запознајте ги НОВУС

Здружението на граѓани Центар за истражувања и анализи НОВУС Струмица, основано во 2013 година, е реномирана непрофитна и невладина организација која делува на повеќе стратешки полиња. Нашата мисија е унапредување на човековите права, поттикнување на неформалното образование, младинскиот ангажман и граѓанскиот активизам, како и развој на социо-економските политики. НОВУС е посветен на промоција и зајакнување на младинските политики, поддршка на европските вредности, социјален и културен развој, и залагање за транспарентно работење на институциите и властите.

Нашата Мисија
mk_MK