МАРИЈА БАНДУЛОВА – ЧЛЕН НА УПРАВЕН ОДБОР

Почетна > Team > Управен Одбор > МАРИЈА БАНДУЛОВА – ЧЛЕН НА УПРАВЕН ОДБОР

МАРИЈА БАНДУЛОВА

ЧЛЕН НА УПРАВЕН ОДБОР НА НОВУС

Марија Бандулова е Магистриран Политиколог по Меѓународна Политика и Дипломатија. Таа има стекнато многу меѓународни дипломи и се има усовршено на тема „Модернизација на јавната администрација“ при Правниот Универзитет во Валенсија, Шпанија. Има завршено академија за истражувачко новинарство и академија за управување со проектен циклус, претходно има работено како помлад соработник на проект за политичко позиционирање, а од 2018 година работи во Центарот за развој на Југоисточниот плански регион на прекугранични проекти за регионален развој, а моментално и како Проектен Координатор во Регионалната Канцеларијата за социјално претприемништво.

Контакт: m.bandulovataseva@associationnovus.org

Марија е активен член и волонтер во повеќе граѓански организации на локално и национално ниво, а покрај тоа работи и како младински работник, истражувач, тренер, модератор и фасилитатор за поттикнување на младински активизам. Таа е еден од основачите на БЕТА Македонија и дел од Извршниот одбор на Центар за истражување и анализи НОВУС.
Има учествувано и работено на многу Еразмус+ проекти за млади и проекти кои се однесуваат на демократија, меѓународен дијалог и евроатлантски вредности. Исто така има спроведено голем број истражувања на политички теми за Западен Балкан, перцепција на луѓето за активно европско граѓанство, граѓански ангажман и младински активизам.
Покрај тоа што е Амбасадор на EDYN, беше дел од грантистите на EDYN Membership Engagement Fund, а од неодамна е и Амбасадор на програмата Best Diplomats на Обединетите Нации.