Сектор за Развој на Заедницата

Ден на Оддржување: 21.01.2025

Обајвена платформата „ЕУ Огледало“ за граѓанско учество во процесот на европска интеграција

Во партнерство со Медија Флеш, Центарот за истражување и анализи НОВУС успешно ја разви и стави во функција новата онлајн платформа „ЕУ Огледало“, достапна на:
https://jugoinfo.mk/eu-ogledalo/

Оваа иновативна платформа е создадена со цел да ги активира граѓаните и засегнатите страни во процесите поврзани со европската интеграција, овозможувајќи:

  • Активно учество во јавни дискусии и иницијативи
  • Пристап до позитивни искуства и добри практики
  • Бесплатни ресурси и информации за ЕУ интеграцијата, достапни за сите локални заедници
  • Интерактивни алатки за размена на идеи и предлози

Зошто „ЕУ Огледало“?

Платформата претставува иновативен пристап во доближувањето на ЕУ темите до јавноста, со акцент на:

  • транспарентност,
  • инклузивност,
  • меѓусекторска соработка.

Со нејзиното лансирање се поставуваат цврсти темели за поголема видливост на локалните иницијативи и јакнење на врската меѓу граѓаните и европските процеси.

„ЕУ Огледало“ е замислена како динамична алатка за информирање, вмрежување и граѓанска мобилизација, особено во контекст на растечката потреба за отвореност и ангажираност во креирањето на европската иднина на нашата земја.

mk_MK