Сектор за Развој на Заедницата

Ден на Оддржување: 06.04.2024

Дводневна Обука за теренски работници во рамки на проектот „Иницијатива за зајакнување на демократијата, зајакнување на политичкиот ангажман и учество во Р.С. Македонија“

На 5 и 6 април 2024 година, во просториите на Центарот за истражување и анализа НОВУС, се одржа дводневна обука за теренските работници од партнерските организации: Center for Intercultural Dialogue (CID), Станица ПЕТ и Center for Education and Development (CED).

Обуката беше организирана со цел подготвување на теренските тимови за активности поврзани со претстојните претседателски и парламентарни избори, со посебен акцент на промоцијата на платформата izborennavigator.mk.

Присутните учесници беа запознаени со ефективни методи на теренска комуникација, стратегии за координација со проектниот тим на НОВУС, како и со техники за ефикасна дистрибуција на информативни материјали до граѓаните на национално ниво.

Во рамки на обуката, детално беше презентиран и разгледан планот за теренска работа, при што особено внимание беше посветено на обезбедување на прецизни и релевантни информации за граѓаните, со цел поттикнување на информирано учество во изборниот процес.

Оваа активност претставува значаен чекор кон градење капацитети за демократско учество и транспарентност во изборниот процес во Република Северна Македонија.

mk_MK