Сектор за Развој на Заедницата

Ден на Оддржување: 02.12.2024

Завршен настан на Академијата за Политичко Образование и Хакатонот за Политики во Собранието на РСМ

Завршниот настан од Академијата за Политичко Образование и Хакатонот за Политики се одржа во просториите на Парламентарниот институт при Собранието на Република Северна Македонија, како симболичен и суштински важен завршеток на програмата насочена кон јакнење на младинското учество во демократските процеси.

Учесниците имаа единствена можност да ја доживеат институционалната поставеност на највисокото законодавно тело во државата преку организирана обиколка на Собранието. За време на обиколката, се запознаа со историјата, внатрешната структура и улогата на институцијата во обликување на јавните политики и демократијата.

По обиколката, следеше работна сесија, на која учесничките тимови ги презентираа своите policy briefs – документи со конкретни препораки за јавни политики, развиени под менторство на експерти во текот на Хакатонот. Овие документи се резултат на интензивна тимска работа, критичко размислување и применета политичка анализа, и претставуваат реален придонес кон подобрување на политики од значење за младите и пошироката заедница.

Настанот кулминираше со свечено доделување на сертификати на сите учесници, со што беше официјално признат нивниот ангажман, посветеност и стекнати знаења во рамки на целокупната програма.

Завршниот настан не само што ја заокружи Академијата на симболично и институционално ниво, туку и потврди дека младите се подготвени, способни и мотивирани да бидат носители на позитивни промени во општеството.

mk_MK