Сектор за Развој на Заедницата
Ден на Оддржување: 12.11.2023
Втор модул од Академијата за деловни компетенции – Финансиски менаџмент

Во градот Штип се реализираше вториот модул од Академијата за деловни компетенции, насочен кон јакнење на капацитетите на жени претприемачки во областа на финансискиот менаџмент. Под водство на предавачот Јован Сталевски, учесничките имаа можност да се стекнат со конкретни знаења и алатки за ефективно финансиско управување.
Модулот опфати теми како што се: видови трошоци, управување со готовински тек, анализа на трошоци и профитабилност, планирање на буџет и читање на основни финансиски извештаи (биланс на состојба, биланс на успех и паричен тек). Сесиите беа интерактивни и надополнети со практични примери и вежби, со цел полесна примена на наученото во реалните деловни активности на учесничките.
Оваа активност претставува значаен чекор во зајакнување на економската независност и одржливост на женското претприемништво во регионот.



