Краен Рок за Пријавување: 23.01.2026

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР НА ИСТРАЖУВАЧ/ЕКСПЕРТ за Истражување за социо-економската положба на младите во Струмичкиот регион

ЦЕНТАР ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ И АНАЛИЗИ НОВУС објавува повик за ангажирање на истражувач/експерт кој/а ќе биде одговорен/на за спроведување на истражување и компаративна анализа за социо-економската положба на младите во Струмичкиот регион. Истражувањето ќе ги надгради податоците собрани во 2022 година и ќе ги интегрира наодите од студијата од 2024 година.

Истражувањето ќе се спроведе со примена на комбинирани методи, вклучувајќи:
  • анкети со млади лица,
  • фокус групи во рурални и урбани средини,
  • интервјуа со работодавачи и релевантни институции.
Резултатите ќе послужат како основа за:
  • застапување пред институции,
  • креирање препораки за политики и практики,
  • внатрешна евалуација на проектните интервенции.
Задачи и одговорности на експертот:
  • Анализа на постоечките податоци од 2022 и 2024 година
  • Развивање методологија и истражувачки инструменти (прашалници, водичи за интервјуа и фокус групи)
  • Спроведување теренско и онлајн истражување
  • Обработка и анализа на квантитативни и квалитативни податоци
  • Подготовка на сеопфатен истражувачки извештај
  • Подготовка на содржина за инфографици и онлајн презентации
  • Презентација на наодите пред тимот на NOVUS
Потребни квалификации:
  • Завршено високо образование (социологија, економија, политички науки, јавни политики или сродна област)
  • Минимум 3 години искуство во спроведување истражувања
  • Искуство со комбинирани методи (квантитативни и квалитативни)
  • Познавање на прашања поврзани со млади и социо-економски политики
  • Одлични аналитички и пишувачки вештини
  • Искуство со подготовка на извештаи и препораки за политики
  • Предност ќе имаат кандидати со претходно искуство во граѓански организации
Начин на аплицирање:

Заинтересираните кандидати треба да достават:

  • Кратка биографија (CV)
  • Финансиска понуда за ангажманот

📅 Рок за аплицирање: 23.01.2026

📧 Испраќање на апликациите на: contact@associationnovus.org

ℹ️ Дополнителни информации

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани.

Наслов на проект: Strumica Youth Initiative 2.0
Организација: ЦИА НОВУС
Времетраење на ангажман: 3 месеци
Локација: Северна Македонија (теренска и онлајн работа)

Аплицирај
mk_MK