Сектор за Развој на Заедницата

Ден на Оддржување: 17.06.2026

Национална конференција за социјално претприемништво: резултати и влијание од #RAISECSOs

На 17 јуни, во присуство на повеќе од 150 учесници од различни сектори, заедно со Младински Сојуз и Паблик ја одржавме Националната конференција за социјално претприемништво во Скопје, како завршен настан на проектот #RAISECSOs. Настанот претставуваше заокружување на повеќемесечен процес во кој беа вклучени над 2.300 лица, меѓу кои значителен број млади и лица од ранливи категории, а активностите се реализираа во 31 град и општина низ државата.

Во текот на проектот беа спроведени 125 активности, поддржани 10 организации преку суб-грантирање, и развиени 50 идеи за социјални бизниси од млади луѓе, со досег до речиси еден милион граѓани преку медиуми и дигитални канали. 

Во текот на проектот заеднички постигнавме:
✨ илјадници вклучени граѓани и млади
✨ стотици лица од ранливи категории кои беа дел од процесите
✨ активности во 31 град и општина
✨ десетици локални иницијативи што донесоа реални промени
✨ 10 организации што развиваа локални решенија преку суб-грантирање
✨ 50 идеи од млади за социјални бизниси што гледаат кон иднината
✨ речиси 1 милион луѓе допрени преку медиуми и дигитални канали

Овие резултати беа презентирани и дискутирани на конференцијата, преку три панел-дискусии и сесија за вмрежување, каде фокусот беше ставен на развојот на социјалното претприемништво, унапредување на јавните политики, како и зајакнување на меѓусекторската соработка и механизмите за финансиска и институционална поддршка.

Затоа што социјалното претприемништво не е концепт на хартија, туку алатка за подобра, поинклузивна иднина.

Проектот се реализира во рамки на „Резилиентни и инклузивни патеки за социјално претприемништво за младите преку градење капацитети на локални граѓански организации во Северна Македонија“, со поддршка на Европската Унија 🇪🇺 во рамки на ИПА програмата за граѓанско општество 2022–2023.

mk_MK