Нашиот Тим

Кариерен Советник

Данче Митева

Данче Митева е психолог приправник, сертифициран кариерен советник и проектен менаџер, со магистерска диплома по Клиничка и Советодавна Психологија, постигната со највисок успех. Нејзиното академско образование вклучува студии во Словачка, каде имала можност да се запознае со напредни програми и методологии, кои не се достапни во Република Северна Македонија, што ја дополнува нејзината стручност.

 

Данче има стекнато повеќе од 70 сертификати од различни обуки и тренинзи во областа на психологијата, истражувачките методи, меки вештини и претприемништво. Ова континуирано вложување во развојот на своето знаење ја потврдува нејзината посветеност на личниот и професионалниот раст.

 

Нјезиното искуство и професионални интереси ја водат кон постојано вложување во развојот на младите, со посебен фокус на поддршка во откривањето и градењето на нивниот професионален пат. Преку кариерно советување, Данче им помага на младите да го развијат својот потенцијал, да ги изградат своите вештини и да ги следат своите амбиции.

 

Како проектен менаџер, Данче активно учествува во бројни проекти насочени кон развојот на младите, подобрување на менталното здравје и општественото благосостојба. Нејзината стручност и посветеност ја прават важен член на тимовите со кои соработува, а нејзината работа продолжува да има позитивен влијание врз младите и нивниот професионален развој.

mk_MK