Услуги

Подобрување на финансиската одржливост

Во рамките на своите услуги, Центарот за истражување и анализи НОВУС нуди поддршка за зајакнување на финансиската одржливост на организациите и институциите преку:

  • Фасилитирање на процесот на развој на стратешки планови: Осмислување и водство во изработка на долгорочни стратегии за организациски развој, со фокус на финансиска стабилност и одржливост.
  • Консултантски услуги, менторство и коучинг: Поддршка при спроведување на планови за управување со промени, овозможувајќи адаптација на организацијата кон новите трендови и предизвици.
  • Обуки за стратешко планирање: Организирање на обуки за развој на стратешки планови, годишни програми и акциски планови кои ќе ја зајакнат капацитетот на организациите.
  • Анализа на опкружувањето: Изработка на длабински анализи, вклучувајќи институциограм, анализа на засегнати страни, матрици за опфат и соработка, како и скенирање на надворешни фактори за подобро информирано донесување одлуки.
  • Развој на стратегии: Консултации и поддршка при креирање на делови или целосни стратегии во различни области, обезбедувајќи релевантни и практични насоки за успешно постигнување на целите.

НОВУС е ваш партнер во процесот на зајакнување на капацитетите и градење на долгорочна финансиска и организациска стабилност. Со нас, вашите стратегии стануваат реалност.

mk_MK