Jun
Спроведени работилниците Од Идеја до Реализација со тимовите од Средните Општински Училишта Јане Сандански, Димитар Влахов и Никола Карев од Струмица во рамки на проектот ”Волонтерство надеж на иднината!” Финансиран од Цивика Мобилитас во кои тимовите ќе работат на развивање идеи за спроведување на Младински Кампањи.
Целта на ваквите работилници во проектот “Волонтерството- надеж за иднината” е да ги поттикне младите да размислуваат на кои начини да ги детектираат проблемите во оштеството и да ја подигнат свеста за истите преку развување на одредени младински кампањи во рамки на проектот. Воедно со тоа што самите млади ќе бидат вклучени во подготовка на кампањите се од идеја до нивна реализација преку таквите акции тие исто така ќе го промовираат волонтерството и волонтерски ќе работат на таквите проблематики при развивање и реалзирање на идеи за подигање на свеста на граѓаните во најразлични области.
Со работилниците младите накратко го повторија тоа што беше презентирано на обуките, се потсетија што е тоа волонтериразам и младински активизам, потоа следеа презентација на чекорите при изработкја на кампањи, како да детектираат проблеми, како да развијат идеја и како да ја реализираат преку младинска кампања.
По работилниците со веќе формираните тимови од трите општински училишта од Струмица – СОУ Јане Сандански, СОУ Димитар Влахов и СОУ Никола Карев младите ќе имаат еден месец да детектираат проблем, да изберат идеја како тим и волонтерски да ја реализираат преку кампања за поддигнување на свеста.
За време на целиот тој процес при развивањето идеи и изборот на една идеја ќе бидат целосно мониторирани и водени низ процесот од страна на проектниот тим