Sep
На ден 04.09.2020 година, Центарот за и стражувања и анализи НОВУС од Струмица спроведе фокус група во рамки на проектот „Силни и гласни млади- Здрава и перспективна заедница!“ во рамки на Проектот за младинско изразување кој го спроведува Младински Образовен Форум, Младински Совет Крушево и Љоја, а е финансиран од Европската Унија. Главната цел на проектот е зајакнување на капацитетите на локалните младински структури и зголемување на младинското учество во процесите на донесување на одлуки на локално и национално ниво, како и зголемување на младинското учество и активизам преку развој на практики насочени кон слобода на изразување
Фокус групата беше спроведена во согласност со проектната апликација, со цел да се добијат квалитативни податоци за младинската вклученост во процесите на донесување на одлуки на локално и национално ниво, да се увиде на каков начин може да ги мотивираме младите активно да партиципираат во тие процеси и како да ги охрабриме да дејствуваат во заедницата преку активизам и слободно изразување.
Продуктивноста на фокус групата беше на високо ниво и покрај тоа што бројката на присутни беше солидна, учесниците несебично ги кажуваа своите видувања, проблеми, споделуваа искуства, разговараа околу своите спротиставени мислења, искрено разговараа за секојдневните проблеми со кои се соочуваат одговарајќи ги прашањата и барање на соодветни решенија за подобрување на волонтеризмот и привлекувањето волонтери. Дискусијата која се разви во самиот тек, учесниците како група беа динамични, дел од нив повеќе доминираа при дискусијата ,но позитивно беше тоа што сите подеднакво беа вклучени и сериозно ја сватија својата улога каде сериозно одговараа на поставените прашања со цел да се изнајде решение како да се подобри квалитетот во општеството. Како заклучок може да се издвои дека од вакви фокус групи каде има присутно и помал број учесници, може да бидат ефективни и доколку самите учесници се опуштени и сериозни во својата дискусија.
Генералниот заклучок од присутните беше дека на вакви интимни средби многу полесно и искрено може да се разговара за вакви деликатни прашања коишто секојдневно не опкружуваат, отколку во одредена институција или во јавност да се каже своето мислење и да се споделат лошите и добри искуства со кои секојдневно се соочуваме.