Сектор за Развој на Заедницата

Ден на Оддржување: 27.11.2024

Одржани две креативни работилници за бизнис вештини и претприемништво

Центарот за истражување и анализи НОВУС успешно ги реализираше последните две работилници од низата осум креативни сесии, во рамки на проектот „Женска креативна моќ“. Овој циклус беше посветен на темите бизнис вештини и претприемништво, клучни области за економско зајакнување на младите жени и девојки.

Работилниците беа водени од Ѓорги Милушев, искусен тренер со долгогодишно искуство во банкарскиот и корпоративниот сектор, како и во граѓанскиот активизам. Неговиот пристап се засноваше на интерактивни методи и практични примери, овозможувајќи учесниците активно да се вклучат во процесот на учење.

Клучни теми и содржини

Учесниците имаа можност да:

  • Развијат сопствени бизнис идеи
  • Состават основни бизнис планови
  • Дискутираат за предизвиците и можностите во претприемништвото
  • Се запознаат со алатки за личен и професионален развој

Преку реални примери и отворена дискусија, работилниците понудија корисни насоки за секој што има аспирации да се развива во бизнис-сферата или да започне сопствен проект.

Следната активност во рамки на проектот е новогодишната изложба, каде ќе бидат претставени рачните изработки на учесниците од сите осум работилници. Изложбата ќе биде можност за јавноста да ја види креативноста и трудот вложен низ целиот процес.
Следете нè за повеќе информации и најава на настанот!

mk_MK