За Нас
Од своето основање во 2013 година, НОВУС се залага за поддршка на младите, развивање на неформалната едукација, заштита на човековите права и поттикнување на социо-економскиот напредок на заедницата.

Нашата Мисија
Мисијата на Здружението е подобрување и зголемување на капацитетот кај младите како и подобрување на нивните компетенции и вештини преку нивен ангажман и инволвирање во граѓански активизам и волонтерство како и подобрување на целокупната социо економската состојба на граѓаните во заедницата. Активностите и проектите кои ги спроведва НОВУС има за цел да постигне поголема вклученост на граѓаните и младите претежно социјално исклучени од рурални средини во креирање на општествени политики.
- Потикнување добро владеење на институциите, подобрување на нивната транспарентност и отчетност, како и зголемување на партиципативноста на граѓаните,во процесите на донесување на одлуки.
- Потикнување на младите за обединување во вистински независни организации, надвор од партиски влијанија.

Нашата Визија
Визија на Здружението е да биде силно здружение со мотивирачки, посветен и иновативен тим на млади луѓе со бројно членство со силно изградени капацитети, вмрежени и етаблирани во граѓанскиот сектор на локално и национално ниво и во таа насока препознатливи како значаен коректив на властите во процесот на градење демократско општество со еднакви можности за сите.
- Иницирање на диверзитет, дискусии и создавање на критичка свест, кај младите.
- Остранување на говорот на омраза и разликите по едничка,верска и политичка основа.
- Интегрирање и социјализирање на маргинализираните групи млади во општеството.
Зошто?
Целта е да се зголеми учеството на граѓаните во креирањето општествени политики, што ќе резултира со подобрување на социо-економската положба на заедниците и ќе создаде услови за одржлив развој.
Како?
Преку спроведување на истражувања, промоција на граѓански активизам и волонтеризам, мапирање на проблемите во заедницата и креирање на решенија кои ја поттикнуваат општествената и економската стабилност.
За Кого?
Центарот за истражување и анализи НОВУС е насочен кон сите граѓани, со посебен акцент на младите, локалните заедници и социјално загрозените групи.
