Сектор за Млади

Ден на Оддржување: 25.09.2025

Гаранција за млади 2025

Што претставува Гаранција за млади?

Гаранција за млади е државна програма чија цел е да им помогне на младите лица на возраст од 15 до 29 години да најдат соодветна можност за вработување, продолжување на образованието или вклучување во обука, во рок од четири месеци по нивното пријавување како невработени лица.

Преку оваа мерка, младите добиваат индивидуална поддршка, насоки и можности кои им помагаат да ја изградат својата кариера и да станат поактивни на пазарот на труд.

Цел на програмата

Главната цел на Гаранцијата за млади е да се спречи долготрајната невработеност и да се поттикне активното учество на младите во општеството и економијата.
Програмата обезбедува:

  • Пристап до информации за слободни работни места и програми,
  • Индивидуално советување и кариерна поддршка,
  • Можност за обуки, пракси и работни искуства,
  • Поддршка при вработување или започнување сопствен бизнис.

Кој може да се вклучи?

Во мерката може да се вклучат сите млади лица на возраст од 15 до 29 години кои во моментот:

  • не се во редовно образование,
  • не се вработени,
  • и не се вклучени во обука или програмa за вработување.

Доволно е да се пријават кај Агенцијата за вработување или да се обратат кај теренските работници на НОВУС, кои ќе им помогнат во процесот на регистрација и понатамошно насочување.

Како функционира процесот?

  1. Младото лице се пријавува кај теренски работник или во Агенцијата за вработување.
  2. Се изработува индивидуален план со насоки – образование, обука, пракса или вработување.
  3. Се поврзува со компании, организации или институции кои нудат можности.
  4. Добиената поддршка помага младите да станат активни, самостојни и подготвени за пазарот на труд.

Улогата на NOVUS

Центар за истражување и анализа НОВУС Струмица е регионален партнер во спроведувањето на Гаранцијата за млади за Југоисточниот регион (општини Струмица, Радовиш, Валандово и Гевгелија).
Нашиот тим врши теренска работа, информирање, советување и поврзување на младите со достапните програми и компании.

Целта ни е секој млад човек да има еднаква шанса за личен и професионален развој.

Како да се пријавиш?

Ако имаш 15–29 години и во моментов не си во образование, не работиш и не посетуваш обука, ова е твојата можност!
Пополнувај ја следната форма и нашиот тим ќе те контактира: https://forms.gle/kQwxkb9viDJc1nWt8

ℹ️ Контакт

📍 Центар за истражување и анализа НОВУС – Струмица
📧 contact@associationnovus.org


📞 Контакт со теренски работници: достапни во регионот на Струмица, Радовиш, Валандово и Гевгелија
Елисавета Џурновска – e.djurnovska@associationnovus.org – 077683258
Тања Милушева – t.milusheva@associationnovus.org – 075495070
Марија Бандулова Тасева – m.bandulovataseva@associationnovus.org -078891938
Татјана Милушева – tatjanamitreva5@gmail.com – 070391594
Бошко Софијанов – boskosofijanov@yahoo.com – 078310811

mk_MK