Сектор за Млади
Ден на Оддржување: 07.02.2025
Завршени обуки за животни вештини и вработливост со Група 3 во рамките на проектот YEEP 2

Дата почеток/крај.- 03.12.24- 26.12.24
Присутни беа: 5ж, 5 м
Почеток – Третата група млади активно работи на развивање на своите вештини за вработливост во рамки на проектот Зајакнување на младите преку нови можности, а ние сме горди на постигнатите резултати!
Од вкупно 40 млади кои досега ги поминаа обуките:
15 се веќе вработени по завршување на обуките
6 посетуваа практична настава
Од јануари, со поддршка на партнерите од бизнис секторот во Струмица, ќе испратиме уште 10 млади на практична настава со потенцијал за идно вработување.
Нашата цел е јасна – да ги поддржиме младите во нивниот професионален развој и да ги поврземе со можности што ќе ја направат нивната иднина посветла!
Поради големата заинтересираност, апликациите за четвртата група се веќе отворени! Новите обуки започнуваат по празниците. Аплицирајте и станете дел од овој успешен проект.
Линк за апликација: https://forms.office.com/e/qigQueFwLz
Крај – Заврши обуката за животни вештини
Го објавуваме успешното завршување на третата група со млади во рамките на проектот „Зајакнување на младите преку нови можности 2“.
Учесниците стекнаа важни животни вештини кои ќе им помогнат да се снајдат во секојдневниот живот и да ја подобрат својата професионална и лична подготвеност. Ова е само еден од многуте чекори кон подобра иднина за младите!
Честитки до сите за постигнатите успеси!



