Сектор за Млади
Ден на Оддржување: 15.05.2025
Компаративна анализа на зелени практики и политики во Северна Македонија и Србија

Центарот за истражување и анализи НОВУС, во партнерство со организацијата Discover Serbia, започнува регионално истражување на тема „Компаративна анализа на зелени практики и политики во Северна Македонија и Србија“.
Истражувањето има за цел да обезбеди подлабоко разбирање за тековните еколошки практики и политики, како и да ја поддржи нивната унапредена примена на локално и национално ниво. Се спроведува паралелно во двете земји, со фокус на потребите, предизвиците и потенцијалот за развој на одржливи решенија во заедниците.
Зошто ова истражување е важно?
Еколошките предизвици бараат системски пристап и активно вклучување на граѓаните. Преку собирање на мислења и искуства од пошироката јавност, истражувањето ќе овозможи формулирање на препораки за поефикасни и праведни зелени политики.
Вклучи се – твоето мислење е важно!
Ги повикуваме сите граѓани да одвојат пет минути и да го пополнат прашалникот достапен на следниот линк:
https://forms.office.com/e/TbinVMbD31
Со вашето учество:
- Придонесувате кон позелена иднина
- Помагате во дефинирањето на потребите на вашата заедница
- Влијаете врз подобро информирани политики засновани на реални податоци
Поддршка и реализација
Истражувањето е дел од проектот поддржан преку Тинк-тенк програмата за грантови на Прогрес Институт за социјална демократија и Фондацијата Калеви Сорса, со финансиска поддршка од Министерството за надворешни работи на Финска.