Сектор за Развој на Заедницата
Ден на Оддржување: 28.10.2024
Лидерска средба и најава на првиот донаторски кружок во Струмица

На 25 октомври 2024 година, во Струмица се одржа лидерска средба со претставници од околу 10 локални организации. Средбата беше организирана од Центарот за истражување и анализи НОВУС, како локален партнер на Конект, во рамки на проектот на USAID North Macedonia „Здружи се за заедницата“.
Целта на средбата беше идентификување на најзначајните локални предизвици и иницирање дискусија за тоа како преку донаторски фондови и филантропија може да се обезбеди поддршка за нивно решавање.
Главниот фокус беше ставен на најава на првиот донаторски кружок во Струмица – иновативен модел на прибирање средства, кој овозможува организациите од заедницата да пријават свои идеи и постоечки иницијативи со потенцијал за добивање финансиска поддршка од локални донатори.
Во таа насока, беше објавен и повик за предлог иницијативи, отворен до 30 октомври 2024 година, преку кој заинтересираните организации можеа да аплицираат и станат дел од процесот на заедничко решавање на приоритетни локални прашања.
Настанот придонесе кон унапредување на вмрежувањето меѓу граѓанските организации и поттикна нови можности за локална филантропија и соработка.







