Сектор за Развој на Заедницата

Ден на Оддржување: 16.01.2025

Медиумска кампања за значењето на социјалното претприемништво

Денес беше успешно спроведена и објавена таргетирана медиумска кампања на социјалните мрежи (Facebook, Instagram и други релевантни платформи), со цел подигнување на свеста за значењето на социјалното претприемништво и активно младинско учество во локалните заедници.

Кампањата достигна публика од над 120.000 корисници, преку споделување на:

  • Едукативни визуали и кратки инфографици
  • Видеа со позитивни приказни од млади вклучени во социјални иницијативи
  • Информативни содржини за концептот на социјално претприемништво
  • Објави посветени на развојот на клучните вештини потребни за успешни социјални претприемачи, како што се:
    • Емпатија
    • Решавање на проблеми
    • Креативност
    • Отпорност
    • Комуникативност
  • Вклучување на публиката преку прашалници, анкети и интерактивни содржини

Целта на кампањата беше да се информира и мотивира младата популација за нивната улога во градењето инклузивни и одржливи заедници, преку иновативни пристапи како социјалното претприемништво.

Кампањата придонесе за зголемување на видливоста на темата, подигнување на јавната перцепција и иницирање дијалог на дигиталните платформи.

mk_MK