Сектор за Млади
Ден на Оддржување: 04.12.2024
Младинска иницијатива – Учиме да плетаме

Оваа младинска иницијатива имаше за цел да ја врати традицијата на рачното плетење меѓу младите генерации, но и да создаде простор за дружење, учење и креативен израз. Во текот на работилницата, учесниците научија основни техники на плетење и изработија мали производи како шалови и чанти. Целта беше да се поттикне креативноста, но и да се покаже дека занаетите можат да имаат современо и стилско изразување.


