Сектор за Млади
Ден на Оддржување: 07.11.2024
Најава за креативни работилници за изработка на природни сапуни

Esoapery е специјализирана работилница од Гевгелија која произведува висококвалитетни, рачно изработени производи за нега на кожата. Нивната мисија е јасна, да создаваат производи што лекуваат и заштитуваат, користејќи само природни состојки, сите 100% вегански и еколошки одговорни.
Детали за работилницата:
Датум: 20 и 21 ноември
Време: 17:00 часот
Место: ЦИА НОВУС
Пријавете се на следниот линк:https://forms.gle/g13qoy5C79Se6p9dA а нашиот тим ќе ве контактира за потврда за учество!
Оваа активност е дел од активноста „Girls-led youth community actions“ кој го имплементира Центар за истражување и анализи НОВУС, а е во рамки на проектот „Еднакви можности за девојчиња и млади жени во Северна Mакедонија“, спроведен од Национален младински совет на Македонија – НМСМ / NYCM / KRNM иStella Network со финансиска поддршка од Британската амбасада во Скопје British Embassy Skopje.