Сектор за Млади

Ден на Оддржување: 18.11.2024

Најава на креативни работилници за развој на бизнис вештини и претприемништво

Со задоволство Ви ги најавуваме и последните две работилници во низата обуки во рамки на проектот „Женска креативна моќ“, Работилници за развој на бизнис вештини и претприемништво.

Подобрете ги вашите бизнис вештини и дознајте повеќе за клучните принципи на претприемништвото! Придружете ни се на оваа интерактивна работилница и научете како да го направите вашиот следен чекор кон успех.

Предавач: Ѓорѓи Милушев, магистер по финансии со долгогодишно искуство во финансиски менаџмент

Локација: ЦИА Новус

Датум: 22.11.2024

Време: 17:00 часот

Овој настан е одлична можност за сите кои сакаат да ги развијат своите вештини и да научат од експерт во полето на претприемништво.

Овој повик е дел од активноста „Girls-led youth community actions“ кој го имплементира Центар за истражување и анализи НОВУС, а е во рамки на проектот „Еднакви можности за девојчиња и млади жени во Северна Mакедонија“, спроведен од Национален младински совет на Македонија – НМСМ / NYCM / KRNM и Stella Network со финансиска поддршка од Британската амбасада во Скопје British Embassy Skopje.

mk_MK