Сектор за Развој на Заедницата

Ден на Оддржување: 21.11.2024

Одржана првата креативна работилница за изработка на природни сапуни

Во рамки на проектот „Женска креативна моќ“, Центарот за истражување и анализи НОВУС го реализираше првиот ден од креативната работилница за изработка на природни сапуни. Настанот се одвиваше во инспиративна атмосфера, каде учесниците имаа можност да се запознаат со основите на оваа занаетчиска техника и да создадат уникатни органски сапуни, користејќи природни и безбедни состојки.

Креативност, поврзување и нови знаења

Работилницата, предводена од Ефимија – креаторка на брендот Esoapery, понуди:

  • Практични знаења за процесот на изработка на природни сапуни
  • Креативна слобода за изразување преку сопствени производи
  • Простор за меѓусебно поврзување и размена на искуства

Овој настан претставува одличен начин за личен развој, креативна експресија и учење на нови вештини во пријатна и релаксирачка атмосфера.

Искажуваме голема благодарност до Ефимија и Esoapery за несебичното споделување на знаење, како и до сите учесници кои со својата енергија, отвореност и ентузијазам придонесоа за позитивната атмосфера и креативниот дух на работилницата.

Работилничкиот циклус продолжува со следната сесија посветена на бизнис вештини и претприемништво, која ќе се одржи на 22 и 23 ноември. Ве очекуваме повторно за нова доза знаење, мотивација и инспирација!

mk_MK