Сектор за Млади
Ден на Оддржување:
Одржана Фокус група на тема: „Финансиска писменост за млади“
Во рамки на својата посветеност кон унапредување на знаењата и вештините кај младите, Центар за истражување и анализи НОВУС реализираше фокус група на тема „Финансиска писменост за млади“.
Фокус групата имаше за цел да поттикне суштинска и аргументирана дискусија за финансиската писменост кај младите, со посебен акцент на управувањето со личните финансии, секојдневните финансиски практики и улогата на граѓаните во разбирањето на јавните финансии. Активноста беше насочена кон отворање простор за размена на искуства и согледувања кои произлегуваат од реалниот контекст во кој младите носат финансиски одлуки.
Во рамки на сесијата беа опфатени теми поврзани со личните искуства на младите во управувањето со финансии, нивните финансиски навики, како и предизвиците со кои се соочуваат во процесот на планирање и распределба на личниот буџет. Дискусијата ги опфати и прашањата поврзани со нивото на информираност и разбирање на пошироките финансиски процеси, вклучително и јавните финансии и нивното значење во секојдневниот живот.
Преку насочена и модерирана дискусија беа идентификувани клучни проблеми поврзани со финансиската писменост, при што учесниците активно придонесоа со свои гледишта, искуства и размислувања. Воедно, беа формулирани конкретни предлози и можни решенија за нејзино унапредување, со фокус на потребата од поголема едукација, пристап до релевантни информации и развој на практични вештини.
Активноста овозможи размена на релевантни ставови и искуства, што претставува значајна основа за понатамошно креирање активности и препораки во насока на унапредување на финансиската писменост кај младите и нивно поактивно и поодговорно учество во економските процеси.
Оваа активност е дел од проектот ” Младинска мрежа за финансиска писменост на Југоистокот “, поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас што го спроведуваат Здружение Центар за развој и промоција ПРОМО Идеа, Центар за истражување и анализи НОВУС и Здружение Круна Плус Радовиш.




