Сектор за Развој на Заедницата

Ден на Оддржување: 18.03.2024

Одржани три обуки – Усогласеност со ЕУ бизнисот и можности за соработка во рамки на ЕУ (Радовиш, Штип и Гевгелија)

Во рамки на иницијативата за зајакнување на капацитетите на домашните субјекти за интеграција во европскиот деловен екосистем, се реализираа три обуки во градовите Радовиш, Штип и Гевгелија.

Под менторство на предавачот Јован Сталевски, учесниците се запознаа со:

  • Основните регулативи и стандарди на Европската Унија кои се од значење за домашниот бизнис-сектор;
  • Значењето на соработката и вмрежувањето со европски компании и институции;
  • Достапните финансиски инструменти, програми и грантови, со акцент на условите и начинот на аплицирање.

Обуките овозможија практични увиди и алатки за искористување на можностите што ги нуди европскиот пазар, како и подобрување на усогласеноста со ЕУ практиките.

mk_MK