Сектор за Развој на Заедницата

Ден на Оддржување: 12.09.2024

Студиска посета во Романија – Создаваме инфраструктура за здружени и дарежливи заедници

Претставничката на Центарот за истражување и анализи НОВУС, Елисавета Џурновска, учествуваше на студиска посета во Романија, организирана со поддршка од партнерската организација Конект, во рамки на проектот „Здружи се за заедницата“.

Целта на посетата беше размена на добри практики и запознавање со начини на кои локални фондации и културни центри во Романија преку креативност и посветеност создаваат позитивни и одржливи промени во своите заедници. Посетата опфати обиколки на реновирани индустриски простори трансформирани во современи културни центри, кои денес служат како места за поддршка, развој и инспирација за уметници, деца и млади.

Во текот на посетата беа остварени средби со локални лидери и претставници на фондации, кои презентираа иновативни модели на прибирање средства, вклучувајќи велосипедски трки, хуманитарни настани и други креативни пристапи што можат да се адаптираат и применат во нашиот локален контекст.

Оваа студиска посета отвори нови хоризонти за соработка и идеи за идни проекти, со цел зајакнување на граѓанското учество и развојот на одржливи иницијативи во заедницата.

mk_MK