Сектор за Развој на Заедницата

Ден на Оддржување: 10.10.2024

Учество на годишната средба за вмрежување на проектот „Здружи се за заедницата”

Претставници од Центарот за истражување и анализи НОВУС присуствуваа на годишната средба за вмрежување во рамки на проектот на USAID North Macedonia „Здружи се за заедницата“, организирана од партнерската организација Конект. Средбата се одржа на 19 и 20 септември 2024 година во Тетово.

Настанот обедини учесници од граѓанскиот сектор, локални самоуправи и меѓународни партнери, при што присутни беа и истакнати гости: г. Marc Ellingstad, директор на Канцеларијата за демократија и добро владеење при УСАИД Северна Македонија, и д-р James Magowan, директор на Европската иницијатива за локални фондации (ECFI).

Средбата овозможи размена на искуства, идеи и добри практики меѓу партнерите и општините, со посебен акцент на активирање на граѓаните за локален развој и мобилизација на ресурси преку филантропија. Активноста ја нагласи важноста на меѓусекторската соработка, споделувањето на глобални примери и заедничкиот ангажман за постигнување одржливи резултати во заедницата.

mk_MK