Краен Рок за Пријавување: 19.11.2025
ЈАВЕН ПОВИК за ангажирање експерт/ка со искуство во мониторинг на институционална транспарентност и отчетност во изборниот циклус 2025
Центар за истражување и анализи НОВУС објавува Јавен повик за ангажирање експерт/ка за мониторинг на институционалната транспарентност и отчетност во изборниот циклус, со докажано искуство во областите на демократско управување, изборни процеси, институционална отчетност и транспарентност.
Овој ангажман се реализира во рамки на проектот „Изборен Навигатор за зајакнување на демократијата и изборниот процес во С. Македонија“, кој е субгрант добиен во рамките на проектот „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2“, финансиран од Европската Унија.
🔹 Краток опис на ангажманот
Во рамки на активноста „Мониторинг на институционалната транспарентност и отчетност во изборниот циклус“, ќе се спроведе сеопфатна анализа на улогата, транспарентноста и отчетноста на клучните институции задолжени за спроведување и надзор на изборите — како што се Државната изборна комисија (ДИК), Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и други релевантни тела.
Мониторингот ќе ги опфати:
- Практиките на транспарентност и отчетност на институциите;
- Соработката со граѓанскиот сектор;
- Реакциите на пријавени неправилности и начинот на нивно адресирање;
- Политичката и медиумската кампања;
- Користењето јавни ресурси во изборниот период;
- Постапувањето по евентуални поплаки или нерегуларности за време и по изборите.
🎯 Цел на ангажманот
Да се обезбеди објективен и темелен увид во степенот на институционална отчетност и транспарентност, како и да се изработат препораки за унапредување на доброто владеење, фер и инклузивни изборни процеси, и за јакнење на јавната доверба во институциите.
🧩 Опис на работните задачи
Ангажираното лице ќе биде задолжено за:
- Спроведување континуиран мониторинг на релевантните институции во изборниот период;
- Прибирање, систематизација и анализа на јавни податоци, документи и објави поврзани со транспарентноста и отчетноста;
- Следење активности, одлуки и јавни настапи на институциите одговорни за изборниот процес;
- Идентификација и документирање на неправилности, недоследности или недоволна транспарентност;
- Подготовка на аналитички белешки, извештаи и препораки за унапредување на институционалните практики;
- Изработка на финален извештај со конкретни препораки;
- Комуникација и координација со граѓански организации, медиуми и други засегнати страни.
📄 Потребни документи за пријавување
Сите заинтересирани кандидати треба да достават:
- Кратка биографија (CV);
- Мотивациско писмо;
- Финансиска понуда.
Документите се испраќаат на е-пошта: contact@associationnovus.org најдоцна до 19ти ноември 2025 година (среда), до 23:59 часот.
Аплицирај