Сектор за Млади

Краен Рок за Пријавување: 07.03.2024

Отворени позиции за потребите на проектот: Зајакнување на младите преку нови можности 2

Центар за истражување и анализи НОВУС објавува отворени работни позиции за потребите на проектот “Зајакнување на младите преку нови можности 2” за ангажирање на:

  • Проектен менаџер
  • Проектен асистент/работник со млади
  • Обучувач и специјалист за кариерно насочување на млади

Објснување на работни позиции:

1.     Проектен менаџер

Проектниот менаџер ќе ја има одговорноста да ја води имплементацијата на проектот, а со тоа и да ги имплементира активностите и задачите наведени во проектот во согласност со националните законски барања и условите на договорот за грант.

ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:

  • Водење на проектен циклус според проектна апликација
  • Навремено спроведување на проектни активности
  • Навремено и ефективно водење на проектниот тим
  • Комуникација со тимот на НОВУС
  • Комуникација со проектниот тим

КРИТЕРИУМИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ:

  • Завршено високо образование
  • Искуство со управување (координирање) на проектот
  • Државјанин на Република Северна Македонија
  • Место на живеење Струмица
  • Одлични комуникациски вештини
  • Одлични координациски вештини
  • Желба и ентузијазам за тимско работење

Заинтересираните кандидати треба да се пријават најдоцна до 11.03.2024 (Понеделник), 23.59 часот, со испраќање на вашето CV и мотивациско писмо со назнака на мејлот “Апликација за отворен повик за проектен менаџер за потребите на проектот ЗАЈАКНУВАЊЕ НА МЛАДИТЕ ПРЕКУ НОВИ МОЖНОСТИ 2” на е-маил адресата: contact@associationnovus.org.

2.     Проектен асистент/работник со млади

Проектниот асистент/работник со млади ќе ја има одговорноста да асистира во процесот на проектно работење. Овде спаѓа идентификација и селекција на учесници за проектот, спроведување на проценка, спроведување на тренинзи и обуки за животни вештини и тренизни за вработување на млади, кариерно советување на млади и споделување на можности за стручни курсеви, соработка со компании и можни работодавци за практикантска работа и можности за вработување на млади.

ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:

  • Асистирање во процес на проектно работење
  • Навремено и ефективно извршување на задачи и проектни активности
  • Комуникација со тимот на НОВУС
  • Комуникација со проектниот тим и проектен менаџер
  • Идентификација и селекција на соодветни учесници во проектот
  • Проценка и кариерно насолување кај млади
  • Спроведување на тренизни и обуки за животни вештини и тренизни за вештини за вработување кај млади
  • Соработка со компании и можни работодавци
  • Истражување на отворени практикантски позиции и обезбедување на можности за вработување за млади

КРИТЕРИУМИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ:

  • Завршено високо образование
  • Искуство со работа со млади
  • Државјанин на Република Северна Македонија
  • Место на живеење Струмица
  • Одлични комуникациски вештини
  • Одлични координациски вештини
  • Желба и ентузијазам за тимско работење
  • Одлично работење со млади

Заинтересираните кандидати треба да се пријават најдоцна до 11.03.2024 (Понеделник), 23.59 часот, со испраќање на вашето CV и мотивациско писмо со назнака на мејлот “Апликација за отворен повик за проектен асистент/работник со млади за потребите на проектот ЗАЈАКНУВАЊЕ НА МЛАДИТЕ ПРЕКУ НОВИ МОЖНОСТИ 2” на е-маил адресата: contact@associationnovus.org.

3.     Обучувач и специјалист за кариерно насочување на млади

Обучувач и специјалист за кариерно насочување на млади ќе ја има одговорноста идентификува и селектира соодветни учесници за проектот, да врши проценка на учесниците во проектот, да нуди кариерно насочување и тренинзи за млади, како и да обезбеди психо-социјална поддршка за млади.

ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:

  • Асистирање во процес на проектно работење
  • Навремено и ефективно извршување на задачи и проектни активности
  • Комуникација со тимот на НОВУС
  • Комуникација со проектниот тим и проектен менаџер
  • Идентификација и селекција на соодветни учесници во проектот
  • Проценка и кариерно насочување кај млади
  • Спроведување на тренизни и обуки за животни вештини и тренизни за вештини за вработување кај млади
  • Соработка со компании и можни работодавци
  • Истражување на отворени практикантски позиции и обезбедување на можности за вработување за млади
  • Обезбедување на психо-социјална поддршка за млади

КРИТЕРИУМИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ:

  • Завршено високо образование
  • Искуство со работа со млади
  • Државјанин на Република Северна Македонија
  • Место на живеење Струмица
  • Одлични комуникациски вештини
  • Одлични координациски вештини
  • Желба и ентузијазам за тимско работење
  • Одлично работење со млади

Образавание – завршено високо образование – дипломиран психолог. Искуство во работа со млади.

Заинтересираните кандидати треба да се пријават најдоцна до 11.03.2024 (Понеделник), 23.59 часот, со испраќање на вашето CV и мотивациско писмо со назнака на мејлот “Апликација за отворен повик за обучувач и специјалист за кариерно насочување на млади за потребите на проектот ЗАЈАКНУВАЊЕ НА МЛАДИТЕ ПРЕКУ НОВИ МОЖНОСТИ 2” на е-маиладресата: contact@associationnovus.org.

Аплицирај
mk_MK