Сектор за Развој на Заедницата
Краен Рок за Пријавување: 22.09.2023
Отворен повик за експерт – тренер за академија за деловни компетенции за жени претприемачи

Доколку сте успешен во вашиот бизнис и имате големо искуство во областа на деловни компетенции? Сакате да го споделите вашето знаење и да помогнете на жени претприемачи да ги развијат своите претпријатија? Тогаш, имаме идеална можност за вас!
Центар за истражување и анализи НОВУС во рамки на проектот EUConnect: Зајакнување на бизнисите за европски успех“, финансиски поддржан од Фондација Отворено Општество, отвара повик за Експерт – тренер за академија за деловни компетенции за жени претприемачи, сопственици на бизниси и менаџери кои сакаат да бидат дел од нашата мисија за поддршка и развој на жените во светот на претприемништвото.
Што нудиме:
- Плаена можност за да го споделите вашето искуство со нашите учесници.
- Шанса да работите со амбициозни и мотивирани претприемачи.
- Да им помогнете на учесниците да ги развијат своите вештини и компетенции во областите на бизнис менаџмент, финансии, маркетинг и управување со човечки ресурси.
- Можност да бидете дел од заедницата на експерти и да споделувате искуства и знаење.
План на обуката:
- 3 модули во рок од 4 месеци.
- Работни дена: 3 x 2 дена обука.
Кои квалификации ги бараме:
- Искуство и успешно предавање на знаење и вештини во областите на бизнис менаџмент.
Мотивација и преданост за поддршка на жени претприемачи во нивниот развој.
- Одлични комуникациски вештини.
Доколку се чувствувате пригодни за овој предизвик, ве молиме испратете ваше CV и мотивациско писмо на zdruzenienovus@gmail.com и бидете тренер на нашата Академија за деловни компетенции.
Споделете го вашето знаење и помогнете им на претприемачите да го остварат својот потенцијал!
