Сектор за Развој на Заедницата

Краен Рок за Пријавување: 15.07.2024

Повик за учество во менторска програма за млади новинари

Менторската програма е отворена за млади новинари и студенти по новинарство кои сакаат да ги зајакнат своите капацити и компетенции во креирањето на локални перспективи за европска интеграција и да бидат мултипликатори на позитивни практики. Преку процесот на менторирање младите граѓански новинари ќе бидат оспособени со новинарски вештини и разбирање за процесите на европска интеграција на локално ниво каде ќе ги научат новинарските вештини, начини на презентација, анализа и комуникациските аспекти и ќе ги добијат потребните знаења за актуелни теми поврзани со Европска Унија.



Услови за пријавување:

  • Млади од Струмичкиот микро регион
  • Да се на возраст помеѓу 16 и 29 години;
  • Да се студенти по новинарство или планираат да студираат новинарство;
  • Да пишуваат стории и да имаат интерес да се занимаваат со новинарство;

Заинтересираните лица за учество во менторската програма може да го искажат својот интерес со пополнување на долу наведената форма, најдоцна до 15 јули (понеделник), 23:59. Доколку имате потреба од дополнителни информации обратете се на: contact@associationnovus.org.

Аплицирај
mk_MK