Сектор за Млади

Краен Рок за Пријавување: 10.10.2024

Повик за 6-дневна бесплатна академија за дигитални вештини

Отворени се пријавите за Академијата за Дигитални Вештини, која ќе се одржи во Струмица, во периодот од 05 до 16 ноември. Академијата е целосно бесплатна и е наменета за млади од Струмичкиот регион кои сакаат да ги развијат своите дигитални вештини.

Датум на обуките:
05/07/09.11 и 12/14/16.11

Локација:
Струмица

Кој може да се пријави:
Млади од 15 до 34 години од Струмичкиот регион, заинтересирани за развој на дигитални вештини.

Што ќе добиете:

  • Обуки од искусни тренери
  • Вовед во дигитални програми како HTML, CSS, Canva и многу други
  • Сертификат за учество
  • Можност за запознавање нови луѓе и проширување на мрежата на контакти
  • Можност за платена пракса во компанија согласно вашите квалификации

Кои ќе бидат тренерите:

  • Глигор Ризов, основач на дигиталната маркетинг агенција Roccad и едукативниот центар за дигитални вештини SMX Academy
  • Ѓорги Митев, COO и главен координатор на едукативните програми во SMX Academy

Како да се пријавите:
Пријавете се сега и осигурајте го своето место преку следниот линк: Пријава за Академија за Дигитални Вештини

Оваа Академија е дел од иницијативата „Skills Uprise: Connecting Youth to Opportunities!“, која е поддржана од Активноста на USAID North Macedonia, за млади кои активно создаваат можности – Youth Actively Create Opportunities.

Не пропуштајте ја шансата да ги подобрите вашите дигитални вештини и да започнете нова професионална патека!

Аплицирај
mk_MK