Сектор за Млади

Сектор за Развој на Заедницата

Краен Рок за Пријавување: 20.10.2025

ПРИКЛУЧИ СЕ КОН ТИМОТ НА НОВУС!

Центар за истражување и анализи НОВУС објавува отворен повик за ангажирање на соработник кој ќе биде вклучен во реализацијата на нашите тековни и идни проекти.

Клучни одговорности:

  • Подготовка, организација и координација на настани (обуки, конференции, јавни дебати, работилници и други активности)
  • Изработка на промотивни и информативни материјали (дизајн на постери, брошури, презентации, визуели за социјални медиуми)
  • Управување и развој на содржина за социјални медиуми (Facebook, Instagram, LinkedIn и други платформи)
  • Поддршка во комуникација со партнери, институции и јавноста
  • Учество во подготовка на извештаи и документи поврзани со проекти

Потребни квалификации и вештини:

  • Завршено високо образование (или студент во завршна година) општествени науки, комуникации, маркетинг, дизајн или сродни области
  • Познавање на организација на настани и работа со различни целни групи
  • Познавање и искуство со алатки за графички дизајн (Canva, Adobe пакет или слично)
  • Активно користење на социјални медиуми и креирање содржина
  • Одлични комуникациски и организациски способности
  • Способност за тимска работа и почитување на рокови

Што нудиме:

  • Работа во динамична и креативна средина
  • Можност за професионален развој и учество во национални и меѓународни проекти
  • Вклученост во иницијативи со силно општествено влијание

Апликација: Заинтересираните кандидати треба да достават кратка биографија (CV) и мотивациско писмо на е-пошта: zdruzenienovus@gmail.com со назнака „Апликација – Соработник“ најдоцна до 20.10.2025.

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју.

Аплицирај
mk_MK