Сектор за Развој на Заедницата
Краен Рок за Пријавување: 20.11.2025
ЈАВЕН ПОВИК за ангажирање надворешен експерт за истражување, анализа и подготовка на документи за политики
Центарот за истражување и анализа НОВУС – Струмица објавува Јавен повик за ангажирање на надворешен експерт за спроведување истражување, анализа и подготовка на документи за препораки и буџетски мерки.
Овој повик се објавува во рамки на проектот: „Талентирани, Амбициозни, Активни – ТАА“, кој се спроведува во рамки на проектот„Од несвесни за различностите до трансформативни локални заедници кои ја препознаваат различноста и инклузивната еднаквост“, финансиран од Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, согласно Грант договор IPAIII/2022/441-800, спроведуван од: Национален Совет за Родова Рамноправност (НСРР) – носител, Полио Плус – Движење против хендикеп, Асоцијација за Демократски Иницијативи (АДИ).
Цел на ангажманот:
Целта на ангажманот е да се спроведе професионално и методолошки усогласено истражување кое ќе ги идентификува:
- бариерите во образованието,
- бариерите во вработувањето,
- пристапот до институции,
- степенот на информираност за локални услуги и програми,
- потребите, искуствата и ставовите на ранливите групи во Општина Струмица,со цел поддршка во креирањето на инклузивни, трансформативни и еднакви локални заедници.
Опфат на работа:
A1 – Подготовка и консултации
Експертот треба:
- да спроведе иницијални состаноци со НОВУС
- да подготви истражувачка методологија;
- да дефинира категории и индикатори за мерење.
A2 – Разработување на инструменти за теренско истражување
Експертот ќе изработи:
- Анкетен прашалник за минимум 200 испитаници;
- Интервју-водич;
- Водич за фокус групи;
- Матрица за собирање податоци;
- Етички протокол за работа со ранливи групи.
A3 – Менторирање на теренско истражување
Експертот ќе:
- обработи теренски податоци од минимум 200 лица;
- обезбеди точна евиденција и заштита на податоците.
A4 – Анализа и извештај
Експертот треба:
- да изврши статистичка анализа на анкетата;
- да подготви тематска анализа од интервјуата;
- да изработи финален аналитички извештај со препораки.
A5 – Презентација на резултати
- Подготовка на презентација;
- Jавна презентација пред Општина Струмица, НВО, медиуми и јавност.
Потребни квалификации:
Образование:
- Завршено високо образование во социјални науки, јавни политики, економија, право, педагогија или сродни области.
- Магистер или докторски студии – предност.
Искуство:
- Минимум 3 години искуство во истражување и анализа;
- Искуство со работа со ранливи групи;
- Искуство со подготовка на policy документи;
- Искуство со квантитативни и квалитативни методи.
Вештини:
- Пишување извештаи;
- Анализа на податоци (Excel/SPSS);
- Комуникациски и презентерски вештини.
Потребни документи за апликација
Кандидатите треба да достават:
- CV
- Кратко мотивациско писмо
- Финансиска понуда (вкупен износ)
Рок и начин на аплицирање:
Документите се доставуваат електронски на: contact@associationnovus.org
Со назнака:
„Апликација за ангажман – Експерт ТАА 2025“
Краен рок: 20.11.2025
Напомена:
Непотполните и ненавремено доставените апликации нема да се разгледуваат.
