Сектор за Развој на Заедницата

Краен Рок за Пријавување: 10.01.2024

Јавен повик за ангажирање на програмер/софтверска компанија за изработка на веб платформа

Центарот за истражување и анализи НОВУС објавува јавен повик за ангажирање на програмер или софтверска компанија за изработка на веб платформа во рамки на проектот „EUConnect: Зајакнување на бизнисите за европски успех“, финансиски поддржан од Фондација Отворено Општество. На овој повик во улога на апликанти може да се јават индивидуи или компании.

Времетраење на ангажманот: три месеци (јануари – март 2024 година)

Одговорности и задачи:

  • Изработка на B2B веб платформа за вмрежување на бизнисите со други бизниси, потенцијални купувачи, добавувачи и потрошувачи во Европската Унија, со акцент на Грција и Бугарија. Платформата ќе функционира како агрегатор каде што бизнисите ќе можат да го претстават својот опсег на работа, да наведат што нудат и што бараат, како и какви партнери им се потребни. Ова ќе биде овозможено и за компании од Грција и Бугарија.
  • Креираната платформа треба да овозможи простор за поврзување и ангажирање со потенцијални партнери од ЕУ пазарот, поттикнувајќи деловна соработка и регионален економски раст.
  • Комплетна изработка на дизајн и лого за платформата.
  • Изработка на SEO-friendly веб страница за промоција на платформата.

Квалификации и вештини:

  • Диплома или магистратура од областа на компјутерско инженерство и технологии;
  • Најмалку 5 години работно искуство во областа на програмирање;
  • Докажано искуство во креирање на веб платформи;
  • Креативност и способност за понуда на иновативни решенија;
  • Запознаеност со работата на Центар за истражување и анализи НОВУС ќе се смета за предност;
  • Одлично познавање на македонски и англиски јазик;
  • Одлични меѓучовечки и комуникациски вештини;
  • Способност за самостојна работа со минимален надзор;
  • Организираност, проактивност и способност за реализација на активности од иницијатива до финално известување;
  • Тимска работа во средина што ги почитува различностите.

Начин на аплицирање:

Сите заинтересирани кандидати треба да достават:

  • Кратка биографија
  • Финансиска понуда

Документите треба да се испратат по електронска пошта на: zdruzenienovus@gmail.com со назнака: „Понуда за изработка на веб платформа“

Краен рок за доставување на понуди: 10 јануари 2024 година

Процедура за избор:

Понудите ќе бидат разгледани и оценети од Евалуациска комисија составена од членови на Извршната канцеларија и Управниот одбор на НОВУС. Вреднувањето ќе се базира на обемот и квалитетот на предвидените активности, понудената цена и искуството на понудувачот.

НОВУС го задржува правото да избере една или повеќе понуди, целосно или делумно, или да не избере ниту една. Исто така, се обврзува дека нема да ги користи ниту избраните ниту одбиените понуди за други цели.

Аплицирај
mk_MK