Сектор за Развој на Заедницата
Краен Рок за Пријавување: 25.07.2025
ЈАВЕН ПОВИК за ангажирање на програмер/софтверска компанија за изработка и доразвивање на онлајн платформа
Центар за истражување и анализи НОВУС објавува Јавен повик за ангажирање на програмер/софтверска компанија за изработка и доразвивање на онлајн платформа. Овој ангажман се реализира во рамки на проектот „Изборен Навигатор за зајакнување на демократијата и изборниот процес во С. Македонија“, кој е субгрант добиен во рамките на проектот „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2“, финансиран од Европската Унија.
🔹 Краток опис на ангажманот
Ангажманот опфаќа доразвивање на веб платформа која ќе овозможи пријавување и следење на изборни нерегуларности, медиумска пристрасност и злоупотреба на јавни ресурси, со посебен фокус на пристапност и инклузивност.
🎯 Цел на ангажманот
Да се обезбеди функционална, безбедна и пристапна дигитална платформа која ќе придонесе кон поголема транспарентност, граѓанско учество и унапредување на демократските процеси.
🧩 Опис на работните задачи
Ангажираното лице/софтверска компанија ќе биде задолжено за:
• Развивање и доразвивање на дигитална алатка за пријавување изборни нерегуларности, медиумска пристрасност и злоупотреба на јавни ресурси;
• Овозможување целосен пристап за лица со попреченост преку додавање функции како:
– говорен водич за лица со оштетен вид;
– визуелни објаснувања за лица со когнитивни потешкотии;
• Проширување на јазичната достапност преку воведување англиска верзија на платформата.
📄 Потребни квалификации
Правниот субјект или експертот треба да ги исполнува следните услови:
• Најмалку 5 години искуство со креирање веб платформи;
• Претходно искуство во соработка со граѓански сектор ќе се смета за предност.
📄 Потребни документи за пријавување
Сите заинтересирани кандидати треба да достават:
• Финансиска понуда.
📧 Документите се испраќаат на е-пошта: contact@associationnovus.org
⏳ Најдоцна до 25.07.2025 (Петок), до 23:59 часот.
