Сектор за Млади

Краен Рок за Пријавување: 03.07.2024

Јавен повик за експерт/ка: Изработка на истражувачка методологија и спроведување на истражување

Центарот за истражување и анализа НОВУС објавува јавен повик за ангажирање на експерт/ка во рамките на иницијативата „Skills Uprise: Connecting Youth to Opportunities!“.

Целта на ангажманот е креирање и изработка на истражувачка методологија, како и спроведување на теренско истражување поврзано со:

  • Недостатокот на „меки“ вештини кај младите,
  • Бариерите со кои се соочуваат работодавачите при вработување на млади во Струмичкиот микро регион.

Сите заинтересирани кандидати треба да испратат:

  • кратка биографија (CV),
  • мотивациско писмо,
  • финансиска понуда,

на следната е-пошта: contact@associationnovus.org, најдоцна до 14 јули 2024 година (недела), до 23:59 часот.

Оваа иницијатива е поддржана од Активноста на USAID North Macedonia за млади кои активно создаваат можности – Youth Actively Create Opportunities.

Аплицирај
mk_MK