Сектор за Млади

Краен Рок за Пријавување: 25.08.2025

Јавен повик за експерт со искуство во демократско управување, изборен мониторинг и граѓанско учество

Јавен повик за експерт со искуство во демократско управување,изборен мониторинг и граѓанско учество во рамки на проектот „ Изборен Навигатор за зајакнување на демократијата и изборниот процес во С.Македонија” е проект спроведуван од Центар за истражување и анализи НОВУС. Овој проект е субгрант добиен во рамки на „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2”  финансиран од Европската Унија.

Центар за истражување и анализи НОВУС објавува оглас за ангажирање на експерт со искуство во демократско управување, изборен мониторинг и граѓанско учество кои ќе има  унапредување на граѓанското учество и создавање механизми за фер, транспарентни и инклузивни изборни процеси. Како клучен резултат на предвидената обука е формирање на мрежа за набљудување на изборите, која ќе ги вклучи младите активисти и граѓанските организации во улога на изборни набљудувачи, со цел младите ќе бидат поактивни во изборните процеси, да се намали политичката поларизација и да се унапреди демократската култура.

Таргет група се млади, младото членство од политичките партии и претставници од граѓанските организации кои имаат интерес за политички ангажман со цел да ги продлабочат своите интереси за демократските процеси и подобрување на нивните вештини за застапување.

Обуката е планирана да биде во времетраење од три дена, на тема Зајакнување на младинското учество за деполаризирана и демократска иднина,каде што преку интерактивни модули и практични вежби, учесниците потребно е да развијат вештини за:

  • Модул 1: Мониторинг на изборни процеси и демократско управување-изборни правила,транспарентност,улога на институциите.
  • Модул 2: Стратешко градење на коалиции и застапување-формирање коалиции, изборно набљудување,дигитални алатки.
  • Модул 3:Анализа на изборни податоци и комуникациски стратегии-анализа на податоци,визуелизација,медиумска презентација.

Опис на работен ангажман

Заради исполнувањето на ангажманот предмет на овој јавен повик, обучувачот треба да ги спроведе следните работни задачи:

  • Одржување на работни состаноци и комуникација со проектниот тим (во текот на целиот ангажман);
  • Подготовка на нацрт програма за обука за развивање вештини на критичко размислување, зависно темата на модулот;
  • Спроведување на тренинг обуки во 3 дена за 25 млади;
  • Подготовка на извештај за спроведената обука и постигнатите резултати.
  • Тренерот треба да биде во редовна координација со проектниот тим при спроведувањето на работните задачи.

Потребни квалификации

  • Најмалку 3-годишно релевантно работно искуство со држење на обуки и работилници за млади;
  • Искуство во креирање на програми за обука на млади;
  • Способност за сумирање и претставување на стручни термини во лесно разбирливи текстови и пораки за млади;
  • Одлично познавање на македонски и англиски јазик;
  • Одлични меѓучовечки и комуникациски вештини;
  • Проактивност и висока исполнителност со минимален надзор;
  • Докажани способности за планирање и организација, и имплементација на активности од зачеток до финално известување;

Начин на аплицирање:

Сите заинтересирани кандидати/ки треба да ги достават следните документи:

  • Кратка биографија на обучувачот
  • Финансиска понуда
  • Методологија за работа преку електронска пошта, contact@associationnovus.org со назнака: Понуда за обучувач на тренинг обука за политичко образование.

Добиените апликации ќе бидат разгледани и оценети од Евалуациска комисија составена од членови на Извршната канцеларија и Управниот одбор на Центар за истражување и анализи НОВУС.

Рок на аплицирање: 25.08.2025, 16:00.
За повеќе информации и/или прашања обратете се на contact@associationnovus.org

Аплицирај
mk_MK