Краен Рок за Пријавување: 23.01.2026
ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР НА ИСТРАЖУВАЧ/ЕКСПЕРТ за Истражување за социо-економската положба на младите во Струмичкиот регион
ЦЕНТАР ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ И АНАЛИЗИ НОВУС објавува повик за ангажирање на истражувач/експерт кој/а ќе биде одговорен/на за спроведување на истражување и компаративна анализа за социо-економската положба на младите во Струмичкиот регион. Истражувањето ќе ги надгради податоците собрани во 2022 година и ќе ги интегрира наодите од студијата од 2024 година.
Истражувањето ќе се спроведе со примена на комбинирани методи, вклучувајќи:
- анкети со млади лица,
- фокус групи во рурални и урбани средини,
- интервјуа со работодавачи и релевантни институции.
Резултатите ќе послужат како основа за:
- застапување пред институции,
- креирање препораки за политики и практики,
- внатрешна евалуација на проектните интервенции.
Задачи и одговорности на експертот:
- Анализа на постоечките податоци од 2022 и 2024 година
- Развивање методологија и истражувачки инструменти (прашалници, водичи за интервјуа и фокус групи)
- Спроведување теренско и онлајн истражување
- Обработка и анализа на квантитативни и квалитативни податоци
- Подготовка на сеопфатен истражувачки извештај
- Подготовка на содржина за инфографици и онлајн презентации
- Презентација на наодите пред тимот на NOVUS
Потребни квалификации:
- Завршено високо образование (социологија, економија, политички науки, јавни политики или сродна област)
- Минимум 3 години искуство во спроведување истражувања
- Искуство со комбинирани методи (квантитативни и квалитативни)
- Познавање на прашања поврзани со млади и социо-економски политики
- Одлични аналитички и пишувачки вештини
- Искуство со подготовка на извештаи и препораки за политики
- Предност ќе имаат кандидати со претходно искуство во граѓански организации
Начин на аплицирање:
Заинтересираните кандидати треба да достават:
- Кратка биографија (CV)
- Финансиска понуда за ангажманот
📅 Рок за аплицирање: 23.01.2026
📧 Испраќање на апликациите на: contact@associationnovus.org
ℹ️ Дополнителни информации
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани.
Наслов на проект: Strumica Youth Initiative 2.0
Организација: ЦИА НОВУС
Времетраење на ангажман: 3 месеци
Локација: Северна Македонија (теренска и онлајн работа)
