Сектор за Развој на Заедницата

Краен Рок за Пријавување: 14.10.2024

Јавен повик за модератор на поткаст и поддршка во опрема и снимање 5 епизоди 

Центар за истражување и анализи НОВУС објавува повик за модератор на поткаст и поддршка во опрема и снимање 5 епизоди во рамки на проектот “Информирана Локална Заедница: Медиумска Писменост и Етичко Известување според ЕУ стандарди” поддржан преку програмата за мали грантови на „Тренинг-Академија за новинари и медиумски работници – Т-АЈМ“ финансирана од Европската Унија.

Опис на позициите:

  1. Модератор на подкаст:
    • Одговорен за водство на разговорите во поткастот.
    • Претставување на темите и гостите.
    • Обезбедување динамика и квалитетна интеракција со учесниците.
    • Спроведување на истражување и подготовка на содржини поврзани со темите на подкастот.
  2. Поддршка за опрема и снимање на поткасти:
    • Поставување и одржување на опремата за снимање (микрофони, аудио интерфејси, камери).
    • Снимање на 5 епизоди поткаст и обезбедување квалитетен звук и видео.
    • Монтажа на поткасти и подготовка за објавување.

Потребни квалификации:

  • Модератор:
    • Искуство во модерирање на дебати, интервјуа, или поткасти.
    • Одлични комуникациски и презентациски вештини.
    • Способност за импровизација и управување со динамиката на разговорот.
    • Познавање на актуелни теми и способност за истражување на различни области.
  • Поддршка за опрема и снимање:
    • Искуство со снимање на аудио и видео.
    • Познавање на аудио и видео опрема.
    • Способност за монтажa и обработка на снимени материјали.
    • Основни познавања на софтвери за монтажа и продукција.

Начин на аплицирање:

Сите заинтересирани кандидати треба да испратат своја кратка биографија и мотивациско писмо со назнака за позицијата на која аплицираат (Модератор на поткаст или Поддршка за опрема и снимање поткасти) на contact@associationnovus.org  најдоцна до 14.10.2024. Апликациите ќе бидат разгледани по редослед на пристигнување.

Аплицирај
mk_MK