Сектор за Развој на Заедницата

Краен Рок за Пријавување: 15.07.2024

Јавен повик за Обучувач/и за Политичко Образование

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ОБУЧУВАЧ/И ЗА ПОЛИТИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ
во рамки на проектот
„Иницијатива за зајакнување на демократијата: зајакнување на политичкиот ангажман и учество во Р.С.Македонија“, финансиски поддржан од NED (National Endowment for Democracy)

Центар за истражување и анализи НОВУС објавува оглас за ангажирање на обучувач/и за два теоретски модули за политичко образование кои ќе имаат за цел да ги опремат учесниците со знаење, вештини и доверба за активно вклучување во политичката сфера и придонес во демократски процеси и придонесуваат за политичко зајакнување во Република С. Македонија.

Таргет група се млади, младото членство од политичките партии и претставници од граѓанските организации кои имаат интерес за политички ангажман со цел да ги продлабочат своите интереси за демократските процеси и подобрување на нивните вештини за застапување.

Модулите се планираат да бидат во времетраење од по 3 дена, на тема:

  • Модул 1: Откривање на сложеноста на изборниот систем во Република С. Македонија и совладување на политичката анализа, вклучувајќи граѓанско образование и избирачки права.
  • Модул 2: Техники за застапување и ефективни комуникациски стратегии, младинско ангажирање во политиката и јавните политики.

Опис на работен ангажман
Заради исполнувањето на ангажманот предмет на овој јавен повик, обучувачот треба да ги спроведе следните работни задачи:

  • Одржување на работни состаноци и комуникација со проектниот тим (во текот на целиот ангажман);
  • Подготовка на нацрт програма за обука за развивање вештини на критичко размислување, зависно темата на модулот;
  • Спроведување на тренинг обуки во 3 дена за еден модул за 30 млади;
  • Подготовка на извештај за спроведената обука и постигнатите резултати.
  • Тренерот треба да биде во редовна координација со проектниот тим при спроведувањето на работните задачи.

Потребни квалификации

  • Најмалку 3-годишно релевантно работно искуство со држење на обуки и работилници за млади;
  • Искуство во креирање на програми за обука на млади;
  • Способност за сумирање и претставување на стручни термини во лесно разбирливи текстови и пораки за млади;
  • Одлично познавање на македонски и англиски јазик;
  • Одлични меѓучовечки и комуникациски вештини;
  • Проактивност и висока исполнителност со минимален надзор;
  • Докажани способности за планирање и организација, и имплементација на активности од зачеток до финално известување;

Начин на аплицирање:

Сите заинтересирани кандидати/ки треба да ги достават следните документи:

  • Кратка биографија на обучувачот
  • Финансиска понуда
  • Методологија за работа преку електронска пошта, contact@associationnovus.org со назнака: Понуда за обучувач на тренинг обука за политичко образование.

Добиените апликации ќе бидат разгледани и оценети од Евалуациска комисија составена од членови на Извршната канцеларија и Управниот одбор на Центар за истражување и анализи НОВУС.

Рок на аплицирање: 15.07.2024, 23:59.
За повеќе информации и/или прашања обратете се на contact@associationnovus.org

Аплицирај
mk_MK