Сектор за Развој на Заедницата

Краен Рок за Пријавување: 17.07.2024

Јавен повик за повик за eксперт за изработка на водич за справување со дезинформации и лажни вести

Центар за истражување и анализи НОВУС објавува повик за eксперт за изработка на водич за справување со дезинформации и лажни вести во рамки на проектот “Информирана Локална Заедница: Медиумска Писменост и Етичко Известување според ЕУ стандарди” поддржан преку програмата за мали грантови на „Тренинг-Академија за новинари и медиумски работници – Т-АЈМ“ финансирана од Европската Унија.

Целта на овој повик е креирање на стандардизиран, сеопфатен и практичен водич кој ќе служи како инструмент за надгледување, оценување и справување со дезинформации и лажни вести специфично во Струмичкиот микро регион. Водичот ќе става акцент на критичкото мислење и анализа на информации, со цел да се подигне свеста за препознавање на непроверени, неповрзани или лажни информации. Процесот на развивање на водичот потребно е да вклучува детална анализа на методите за распознавање и оценка на дезинформации. Водичот треба да ги идентификува и прецизира стандардите за квалитет на информациите, со фокус на етички стандарди во новинарството. Критериумите за проверка и валидација на информациите да бидат внимателно дефинирани со соодветни методи за образование на јавноста и новинарските тимови кои ќе бидат вклучени во водичот заедно со експертот.

Обврските на експертот/ката вклучуваат:

  • Спроведување на анализа на методи за распознавање и оценка на дезинформации.
  • Идентификување и прецизирање на стандарди за квалитет на информации.
  • Дефинирање на критериуми за проверка и валидација на информации.
  • Креирање на водич преку деск истражување за ресурси коишто се поврзани со дезинформации и лажни вести специфично во Струмичкиот микро регион
  • Инкорпорирање на етички стандарди во новинарството во водичот.
  • Координација со новинарските тимови и проектниот тим.
  • Обезбедување на препораки за справување со дезинформации и лажни вести.

Експертот/ката треба да ги исполнува следниве квалификации:

  • Високо образование во областа на комуникации, новинарство, медиуми или сродни области.
  • Минимум 5 години професионално искуство во медиуми, новинарство или справување со дезинформации.
  • Докажано искуство во анализа и евалуација на информации и дезинформации.
  • Познавање на методологии за проверка на факти и квалитет на информации.
  • Искуство во подготовка на едукативни материјали и водичи.
  • Одлични комуникациски и презентациски вештини.
  • Способност за работа во тим и координација со различни засегнати страни.
  • Разбирање на етичките стандарди во новинарството.
  • Познавање на локалниот медиумски пејзаж и специфичностите на Струмичкиот микро регион е предност.

Времетраење на ангажманот: 3 месеци (од јули до септември месец 2024г.)

Начин на аплицирање: Заинтересираните кандидати треба да аплицираат со свое CV и мотивациско писмо коешто одговара на потребите на овој отворен повик на мејл адресата contact@associationnovus.org со назнака „Апликација за  експерт/ка за изработка на водич“ најдоцна до 17 јули, 2024 до 16:00 часот.  Како придружен документ потребно е да се испрати и финансиска понуда на експертот (изразена во денари во бруто износ) по ден, а во вкупно времетраење од 3 месеци.
Апликации што ќе пристигнат по крајниот рок нема да бидат разгледувани.

Аплицирај
mk_MK