Краен Рок за Пријавување: 05.10.2026
ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРАВНИ ЛИЦА за обезбедување простор, логистика и опрема за Саемот за вработување на млади
Центар за истражување и анализи НОВУС Струмица објавува јавен повик за доставување понуди од правни лица за обезбедување простор, логистичка поддршка и изнајмување опрема за Саемот за вработување на млади, кој се организира во рамки на проектот „Струмица Младинска Иницијатива 2.0“.
За проектот
Проектот „Струмица Младинска Иницијатива 2.0“ има за цел да ги поддржи младите во развојот на нивните лични и професионални вештини и да им го олесни пристапот до можности за вработување и активно учество во заедницата. Посебен фокус е ставен на младите со помалку можности и младите од руралните средини.
Саемот за вработување на млади ќе им овозможи на младите директно да се запознаат со работодавачите и со достапните можности за вработување.
Предмет на повикот
Предмет на повикот е избор на правно лице што ќе обезбеди сала, логистичка поддршка и техничка и изложбена опрема за одржување на Саемот за вработување на млади.
Опис на услугата
Избраната фирма треба да обезбеди:
- Изнајмување сала со доволно простор за поставување изложбени штандови за најмалку 20 компании и за непречено движење на посетителите.
- Изнајмување и поставување изложбени штандови со маси и столови за компаниите.
- Изнајмување и поставување опрема за озвучување со микрофон и проектор со платно или соодветна површина за проекција.
- Подготовка на салата и распоредување на изложбените штандови во координација со организаторот.
- Проверка на исправноста на опремата пред почетокот на саемот, техничка поддршка за време на настанот и демонтажа по неговото завршување.
Услови за учество
Право на учество имаат регистрирани правни лица што можат да ги обезбедат услугите предвидени со овој повик.
Начин на доставување понуди
Заинтересираните фирми треба да достават:
- Основни податоци за фирмата и контакт-податоци на одговорното лице.
- Опис на понудената сала со наведена адреса и капацитет.
- Опис на понудените логистички услуги и список на опремата со наведени количини.
- Финансиска понуда во денари со одделно прикажани трошоци за салата, логистичките услуги и опремата, како и вкупна цена. ДДВ се прикажува одделно, доколку е применлив.
Понудите се доставуваат по електронски пат на contact@associationnovus.org најдоцна до 05.10.2026 (Понеделник), 16:00 часот, со назнака „Понуда за простор, логистика и опрема – Саем за вработување на млади“.
Избор на понуда
При оценувањето ќе се земат предвид усогласеноста на понудените услуги со барањата од повикот и вкупната понудена цена.
Дополнителни информации
Проектот „Струмица Младинска Иницијатива 2.0“ е кофинансиран од Европската Унија во рамки на Младинскиот Хаб за мрежата на Западен Балкан и Турција (YouthHub WB&T).
