Сектор за Млади
Краен Рок за Пријавување: 16.09.2025
Јавен повик за учесници за тридневна обука: “Зајакнување на младинското учество за деполаризирана и демократска иднина”

Центар за истражување и анализи НОВУС во рамки на активноста „Зајакнување на младинското учество за деполаризирана и демократска иднина“, отвара јавен повик за учесници за тридневна обука наменета за млади лица од 18 до 35 години од различни региони на Северна Македонија.

Оваа обука ќе помогне во:
- Зајакнување на вештините за политичко ангажирање,
- Поттикнување на деполаризација во политичкиот дискурс,
- Мрежно поврзување со млади политички активисти и претставници на граѓански организации.
Програмата опфаќа три модули:
- Модул 1:Мониторинг на изборни процеси и демократско управување-изборни правила,транспарентност, улога на институциите
- Moдул 2:Стратешко градење на коалиции и застапување-формирање коалиции,изборно набљудување,дигитални алатки
- Moдул 3:Анализа на изборни податоци и комуникациски стратегии-анализа на податоци,визуелизација,медиумска презентација.
Обуката ќе биде интерактивна и ќе содржи дискусии, студии на случаи и симулации, каде учесниците ќе применуваат стекнати знаења во реални сценарија.

Како продолжение од оваа обука, ќе се формира мрежа на млади набљудувачи и граѓански организации за следење на локалните избори во 2025 година. Целта е да се обезбеди пошироко географско покривање и вклучување на различни општествени групи, со посебен фокус и на руралните заедници. Преку мрежното поврзување, младите лидери ќе добијат можност да стекнат знаења и практични вештини за активно учество во процесот на демократизација, придонесувајќи кон поинклузивни изборни процеси и поголема институционална транспарентност.
Важно:
Присуството на сите три модули е задолжително.
По завршувањето на обуката, учесниците ќе добијат сертификат за учество.
Услови за пријавување:
- Возраст од 18 до 35 години
- Државјанство на Република Северна Македонија
- Добро познавање на англиски јазик (предност, но не е задолжително)
- Истакнато учество во општествени и/или политички активности
- Солидно познавање на општествена и политичка терминологија
Начин на пријавување:
Пријавете се на следниот линк, https://forms.office.com/e/MDn7GwLDZX при што нашиот тим ќе ве контактира во најбрз можен рок.
Краен рок за пријавување: 16 септември 2025 година до 16:00 часот
Локација на настанот: Младински Центар Струмица, ул. „Сандо Масев“ бр. 1
За учесниците од други градови, сместувањето ќе биде обезбедено во Хотел Илинден – Струмица.
Трошоци:
Сите трошоци поврзани со обуката (вклучително и хотелско сместување) се целосно покриени од страна на Центар за истражување и анализи НОВУС.
ℹ️ За повеќе информации, слободно контактирајте не на:
📧 contact@associationnovus.org
Не ја пропуштај оваа можност – пријави се и биди дел од младинската промена!
Аплицирај